Европа сака кратко, но мрачно задоволство

Статистиката од март ова година (2015) говори дека во САД на секоја 30-та секунда се врши по еден абортус. За еден час 120, за еден ден 2.899 и во годината 1,058 милиони. Страшни се овие бројки. Зошто пишувам за ова? Погоден момент е да се актуализира оваа секогаш нова и жешка тема, посебно кога новинарите откриле дека Planned Parenthood ги продава деловите од абортираните деца – и тоа као да е нормално. Овие бројки се само за САД. Уште легендарниот Живко Кустиќ во 2010 година пишуваше дека само во Европа на секоја 11 секунда се прави по еден абортус.

Мора ли тоа да биде токму така? Која е таа љубов на која многумина се повикуваат, која ја раѓа идејата за убиство на новото живо битие? Општеството денес главно сака да се нарекува „напредно“, но кој напредок е во прашање? Дали е напредокот во тоа што денес убиството со сите сили сака да се оправда, за да се живее во „слободна и секс љубов“? Каква е таа слобода која уништува друго живо битие, иден човек, таа слобода? Нели е тоа контрадикција?

Додека на запад сака да се истакне слободата која во денешницата сака да ја дефинира „љубовта“, а не обратно, ќе се вртиме во кругот кој бара излез. Како да се понуди излез односно одговор на овие прашања? Црковните стручњаци со тоа треба да се занимаваат и да бараат решение иако целата тематика е јасна како ден. Европа полека умира, исчезнува во гробот која сама си го копа. Сѐ повеќе има стари лица, а младите сѐ помалку. Кој ќе се грижи за толку стари лица во иднина? Или и нив наскоро легално ќе ги евтанизираме односно ќе се погрижиме за нивното убиство, како што тоа веќе го правиме со несаканите деца?

Црквата треба конечно да собере храброст и пророчки да одговори на ова прашање – сите заедно, не само свештениците туку и лаиците. Не е само ова прашање за „другите“. Знам многу кои – како што сами говорат – „многу молат“, а на сите овие општествени прашања ќе кажат: Има други кои ќе се занимаваат со тоа, бидејќи тоа не се однесува на мене. Тоа не е христијанство. Тоа е приватизација на Бог за својата удобност. Треба да се засукаат ракавите и да се поттикне „револуција“ на ново воспитание во љубовта. Како прво ние повторно мораме да се вратиме на верувањето дека постои вечна љубов, дека бракот е постојано предавање еден на друг – до смртта. За жал, многу денес од првите редови во црквата на тоа се смеат, затоа не треба да се чудиме што никој повеќе во општеството не верува во можноста за вечна љубов, ниту ја гледаат убавината на бракот. Затоа љубовта, бракот и сексуалниот однос паднале под ножот на релативизацијата. Додека нашата свест не се промени ниту Европа, ниту светот нема да се промени. Му благодариме на Бог, многу млади се одлучуваат да живеат чисто и совесно и да ја гледаат убавината на бракот ако не преку примерот на другите, тогаш преку вдахновението од Бог во Кој поверувале.

Кој има уши да слуша нека чуе!

МариоТрифиновиќ/дигиталникатолик/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Колумни, Свет

За авторот