Папата: Божјата нежност во Исус стана тело

Исусовото сожалување не е човечка емоција туку трогнат Месија во кој Божјата нежност стана тело – рече Светиот Отец пред пладневната молитва Ангел Господов на 19 јули од прозорецот на апостолската палата во Ватикан, зборувајќи на илјадниците поклоници собрани на плоштадот Свети Петар.

Денешното Евангелие зборува како апостолите по своето мисионерско искуство биле задоволни, но и уморни. Исус полн со разбирање, сака да им олесни; и ги води на осамено место малку да одморат (Мк 6, 31). „Мнозина ги видоа како заминуваат, ги познаа… и ги испреварија“ Овде евангелистот ни нуди слика за Исус кажи речи фотографирајќи го неговиот поглед и „фаќајќи“ ги чувствата на Неговото Срце: „А Исус кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу“ (ред 34) – објасни Папата.

Да ги земеме трите глаголи од ова понудена слика – рече Папата – „ги виде“, „се смилува“ и „ги поучува“. Можеме да ги наречеме „пастирски глаголи“ – продолжи Светиот Отец. Првиот и вториот глагол постојано се поврзани за Исусовото однесување: неговиот поглед не е поглед на некој социолог или фоторепортер, бидејќи Тој секогаш гледа со очите на срцето – објасни Светиот Отец. Овие два глаголи: „ги виде“ и „се смилува“ го прават Исус Добриот Пастир. Ниту неговото сожалување не е човечка емоција, туку трогнат Месија во Кој Божјата нежност стана тело. Од ова сожалување се раѓа Исусовата желба мноштвото да го нахрани со лебот на своето Слово; што значи да го поучува народот за Словото Божјо. „Исус виде, се смилува и поучува“ – колку е тоа убаво! – истакна Папата.

Го замолив Господ Исусовиот Дух, Добриот Пастир да ме води за време на апостолското патување кое минатите денови го завршив во Латинска Америка и кој ми дозволи да го посетам Еквадор, Боливија и Парагвај. Му благодарам на Бог од сѐ срце за овој дар и го повторувам своето признание на властите од тие земји за нивното прифаќање и соработка. Срдечно им се заблагодарувам на своите браќа епископи, свештеници, луѓето со посветен живот и на народот за топлината со која учествуваа. Со тие браќа и сестри го славев Господ за чудесата кои ги направи во Божјиот народ за време на патувањето низ тие земји; за верата која ја оживеа и ја оживува во животот на народот и неговата култура. А го славевме и заради природните убавини со кои ги збогатил спомнатите земји – рече папата Фрањо.

Латино-американскиот континент располага со големи човечки и духовни потенцијали, ги чува длабоко вкоренетите христијански вредности, но се соочува исто така и со тешки општествени и економски проблеми. За да придонесе за нивно решавање Црквата се зазема за придвижување на духовните и моралните капацитети на своите заедници, соработувајќи со сите здрави составни делови на општеството – нагласи Светиот Отец.

Пред големите предизвици со кои со навестувањето на Евангелието треба да се соочат ги повикав од Христос Господ да црпат сила која спасува и му дава сила на христијанското сведоштво: ширење на Божјото Слово на нагласената религиозност на овие народи би можела секогаш да биде верно сведочење на Евангелието.

На Мајчинскиот заговор на Дева Марија Која цела Латинска Америка ја чествува како своја заштитница под називот Наша Богородица Гвадалупска ги доверувам плодовите од оваа незаборавна апостолска посета – рече папата Фрањо… По молитвата Ангел Господов Светиот Отец ги поздрави граѓаните на Рим и сите ходочасници посакувајќи им на сите пријатна недела препорачувајќи се – како и секогаш – во молитвите на верниците.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот