Папата упати порака до учесниците на конференцијата во Бирминген
Конференцијата е важна можност за да се размисли за програмите на евангелизација и во верниците повторно да се разгори љубовта и радоста што произлегуваат од средбата со Христос, пишува Светиот Отец во пораката, што ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Државен секретар на Папата, а која беше упатена до учесниците на националната конференција за нова евангелизација во Велика Британија.
На конференцијата, одржана минатата сабота, учествуваа околу 900 пасторални работници од 22 епархии, а централен настан беше таканаречениот „Proclaim 15“, мисионерски проект кој епископите го покренаа од јануари, со цел, да ги подржат и поттикнат парохиите на креативна евангелизација, нешто што го посакува папата Фрањо во Апостолското писмо „Радоста на евангелието“.
Пораката на Папата има за цел да ги охрабри сите учесници да го отворат своето срце за Христос, за да направат нивните парохии да станат заедници во кои жедните ќе можат да ја изгаснат својата жед и така ќе станат трајно средиште на мисионерското послание. Папата пораката ја завршува со гаранција за неговата духовна близина и молитвите за сите учесници на конференцијата, кои истовремено и ги доверува на Марија, Мајката на Црквата.
РВ/В.Н.