Боливија со нетрпение го чека папата Фрањо

Во Боливија расте исчекувањето за доаѓањето на папата Фрањо. Светиот Отец во 16.15 часот според локално време, односно во 22.15 по средноевропско ќе слета на аеродромот во Ел Алто каде што ќе се одржи свечено добредојде.

После тоа, Папата ќе појде во главниот град Ла Паз, а во вечерните часови во Санта Круз де ла Сиера каде што ќе служи Литургија со што ќе започне Националниот евхаристиски конгрес. Освен тоа ќе учествува на Втората светска средба на народни движења.

Рацете на белиот Христос воздигнати кон небото на центарот на плоштадот во градот Санта Круз де ла Сиера, местата на кои како што се очекува утре на Литургијта со Папата ќе се соберат милион луѓе, зборуваат за верата на боливискиот народ и неговата желба за градење на поправедно општество. Кружејќи низ градот – јавува нашиот дописник – видливото сиромаштво остава силен впечаток и сурово ја покажува неправедната култура на отфрлање која папата Фрањо неколку пати ја отфрли.

Меѓутоа и покрај општествените неднаквости, злото корупција и трговијата со дрога кои ја погодуваат оваа земја на периферијата на „крајот на светот“, се гледа насмевка на лицата на луѓето кои поголем број се католици (80% од населението). Нивниот занес уште повеќе од неколку постери излепени на улиците со мотото „Со Фрањо ја навестуваме радоста на Евангелието“, го изразуваат големото исчекување на доаѓањето на Петровиот наследник, прв по 27 години.

Тоа беше 1988 година кога свети Иван Павле II влеваше храброст во верата на народот кој живееше во големи општествени тензии. Денес папата Фрањо повторно доаѓа во таа земја во која е променета општествено-политичката состојба.

Посетата на Папата требаше да се подготви за само неколку недели; тоа беше борба со времето; околу 200 работници сè уште работат од кои многумина бесплатно, борејќи се со дождот и ветрот – му изјавил на нашиот дописник Кито Веласко водач на работите на поставувањето на прекрасната сцена чии декорации се инспирирани од мисијата на Исусовците во Консепсион.

Во петок папата Фрањо ќе го посети местото кое е симбол на егзистенцијалната периферија, а тоа е градот – затвор Санта Круз Палмасола кој е меѓу најтешката реалност во тој крај. Тоа ќе биде еден од завршните настани од посетата на Папата на Боливија, за чие успешно одвивање само во Санта Круз безпоштедно се заземаате 8000 волонтери.

Волонтери сме во срцето повеќе отколку во телото – кажаа со поглед полн со радост – за нас тоа е привилегија. Го чекаме Папата со многу воодушевување; ќе даваме информации на поклониците и ќе им ја гарантираме сигурноста. Таа е и пораката која би сакале да ја упатиме на папата Фрањо: те чекаме со отворени срца за да ја слушнеме твојата порака и да го сретнеме воскреснатиот Христос.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот