Кардиналот Филони отпатува во Ирак

По повод Великата седмица, Папата Фрањо го прати во Ирак префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, кардиналот Фернандо Филони, со цел да им изрази дека покрај тешките ситуации на христијанските семејства во Ирак, Папата е духовно близок на посебен начин со нив.

Кардиналот Фернандо Филони, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, отпатува во Ирак со цел да им го донесе благословот и конкретната помош на папата Фрањо на христијанските семејства, и на другите групи, на жртвите од прогонувањата, кои заради насилството од џихадистичките групи на самонаречената Исламска држава беа принудени да го напуштат својот дом, главно во Мосул и во долината на Нинивеја. Најмногу најдоа засолниште во автономната покраина на ирачкиот Курдистан, и тоа заблагодарувајќи се на помошта на локалната Црква и на Каритас.

Кардиналот, кој во август минатата година веќе ги беше посетил ирачките христијански заедници, се задржал во Јордан, а во Аман посети две парохии кои ги примиле ирачките бегалци. Освен тоа се сретнал со директорот на Каритас во Јордан, каде го виде место за сместување за дваесет семејства. Ме импресионираше и ме зајакна великодушноста на многу луѓе – рече кардиналот – Убаво е да се види дека овие семејства успеваат повторно да го вратат своето достоинство и пријателство.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот