Папата Фрањо во римската парохија Сите Светии
Исусовиот ученик оди во црква за да се сретне со Господ преку светите Тајни, а не за да исполни пропис или обврска кон Бог, порача Папата при посетата на римската парохија Сите Светии во саботата на 7 март.
Папата Фрањо во сабота на 7 март ја посети римската парохија Сите Светии – Огнисанти, по повод педесетгодишнината од славење на светата Литургија на народен јазик, која што ја служеше блажен Павле VI на Првата недела од Великиот пост на 7 февруари 1965 година во таа римска парохија. Служењето на Литургијата на народен јазик и со свештеникот свртен кон народот се раширило во Латинската црква како резултат на настојувањето околу литургиската обнова по Вториот Ватикански Собор, наместо како до тогаш редовното заедничко свртување кон исток и латинскиот јазик.
Предводејќи ја Литургијата Папата во проповедта рече дека Литургијата не е сокриена повеќестрана и далечна реалноста. „Додека се служи се присетувам на многу работи; или молам Бројаница… – Не, не е така! Постои соодветна рамнотежа помеѓу литургиското славење кое потоа го внесувам и во својот живот; и во тоа треба да се напредува и да се оди по долгиот пат“ – рече Светиот Отец.
Папата ја спомна конституцијата Sacrosanctum Concilium која што Литургијата ја дефинира како прв и незаменлив извор од кој верниците можат да го црпат вистинскиот дух на христијанството (бр.14). Тоа значи да ја зацврстиш основната врска која ги обединува животот на Исусовите ученици и самиот литургиски чин. Не е тоа наука која треба да се „разбере“, ниту обред кој треба да се „исполни“- иако е и тоа – станува збор за изворот на животот и светлината на нашето патување во верата.
Црквата нè повикува да имаме и да промовираме веродостоен литургиски живот за да се воспостави согласност помеѓу она што во литургијата се слави и она што ние го живееме и го славиме (Sacrosanctum Concilium, 10). Исусовиот ученик не доаѓа во Црква за да исполни пропис или да ја исполни обврската кон Бог. „Господи, секоја недела сум во црквата; правам сè што е потребно, но, немој да се мешаш во мојот живот и немој да ме вознемируваш.“ Тој е ставот на многу католици, рече Папата. Исусовиот ученик оди во црква за да го сретне Господ и – во неговите милости кои се ефикасни во светите тајни – да најде сила за размислување и делување согласно Евангелието.
Папата истотака рече дека со религиски дела не може да се надомести должноста кон ближниот! Култот на литургиското славење е привилигиран простор за слушање на Господовиот глас кој нè води по патот на праведноста и христијанското совршеноство, рече Папата.
На заминување од парохијата Огнисанти, Светиот Отец на сите им се заблагодари на приемот и додаде дека заедничката молитва, Литургијата и примањето на Христовото Тело се силата на Црквата. Тешкотии има насекаде, но во сето тоа тука е и Господ, а каде што е Тој таму работите одат на добро, нели, рече Папата.
Светиот Отец му се заблагодари на Господ за тоа што го направи низ 50-те години на литургиска реформа. „Тоа е храбар гест на Црквата, се приближила на Божјиот народ за подобро да може да го разбере тоа што го прави – и тоа што е за нас важно – да ја следиме Литургијата. Не можеме да се враќаме назад; треба трајно да одиме кон напред, секогаш напред, бидејќи кој оди назад греши. Да се оди по тој пат напред“, рече благословувајќи ги верниците и потсетувајќи ги