Добрата Исповед треба да биде еден од најхрабрите моменти во нашиот живот
Свети Хоземарија Ескрива, со едноставни и практични принципи, советува исповедта да биде „кратка, конкретна, јасна и целосна“
Кратка исповед: без многу зборови, туку само оние кои се требаат, кои се потребни, со понизност да се каже она што е направено или се пропуштило да се направи, без премногу да се разјаснува и да се опишува. Мноштво на зборови понекогаш ја покажува свесната или несвесната желба да се избегне од директната и целосната искереност; за да се избегне тоа потребно е пред исповедта да се направи добар испит на совеста.
Конкретна исповед:Без оддалечување од важното и без двосмисленост. „Ако покајаникот лично не му е познат на исповедникот, добро е да ги наведе својата животна ситуација, времето поминато од својата последна исповед и тешкотиите во кои се наоѓа, трудејќи се да живее христијански живот.“ Ќе ги каже своите гревови и ќе ги наведе сите отежнувачки ситуации за да може исповедникот-свештеник да оцени да му даде опрост и да го излекува.
Јасна исповед:Исповед во која нема двосмисленост. Покајаникот ја појаснува точната тежина на своите гревови и ја искажува својата беда со потребната префинетост.
Потполна исповед:Целосна, без ништо да се пропушти заради лажниот срам или заради тоа покајаникот да не „испадне лош“ пред исповедникот.
Да се преиспитаме, подготувајќи се за примање на оваа света Тајна, дали настојуваме да биде кратка, конкретна, јасна и потполна нашата исповед.
Битно нет/З.А.