Исус ме предизвикува
„Таквиот Исус навистина не го разбирам… Но, како Петар, не познавам друг…“
Јас се лутам, а Тој ми вели: Прости!
Јас се плашам, а Тој ми вели: Биди храбар!
Јас се сомневам, а Тој ми вели: Имај доверба!
Јас се чувствувам лошо, а Тој ме повикува: Дојди и врви по Мене!
Јас собирам богаство, а Тој ми заповедува: Остави го!
Јас правам планови, а Тој бара да ги напуштам.
Јас барам сигурност, а Тој ми вели: Јас не ти ја ветувам.
Јас сакам да живеам, а Тој сака да го жртвувам својот живот.
Јас сакам да ја играм улогата на шеф, а Тој ми вели: Обиди се да слушаш!
Јас сакам да наредувам, а Тој ми вели: Слушај!
Јас сакам сè да искусам, а тој ми вели: Верувај!
Јас барам очигледност, а Тој ми зборува во параболи.
Јас сакам поезија, а Тој конкретно ми зборува.
Јас го сакам својот мир, а Тој сака да бидам немирна.
Јас сакам насилство, а тој ми кажува за мир.
Јас се фаќам за меч, а тој сака да го вратам во корицата.
Јас барам освета, а Тој ми вели: Сврти го и другиот образ!
Јас зборувам за мир, а Тој дојде да донесе меч.
Јас сакам да ја ублажам состојбата, а Тој вели дека донесе оган на земјата.
Јас сакам да се воздигнам, а Тој бара да бидам како дете.
Јас сакам да се сокријам, а Тој ми вели: Покажи ја својата светлина!
Јас го барам првото место на масата, а Тој сака да го заземам последното.
Јас сакам да бидам на светилникот, а Тој ми зборува: Моли во тајност!
Не! Таквиот Исус навистина не го разбирам! Тој ме предизвикува!
Како многу негови следбеници можев да изберам друг учител кој би бил појасен и помалку провокативен.
Но, како Петар не познавам друг кој како Него би имал во себе зборови за живот вечен!
И затоа останувам со Исус.
Битно.нет/Д.И.