Папата до младите: Сè уште има време за сонување, планирање и правење добро

Папата до младите: Сè уште има време за сонување, планирање и правење добро

На средбата со младите луѓе во Либан, папата Лав XIV ги поттикна да не се предаваат на очај, туку да негуваат пријателства вкоренети во вистинска љубов и да го задржат ентузијазмот што е потребен „за да се промени текот на историјата“.

За својот последен настан во текот на првиот целодневен престој во Либан, папата Лав XIV се сретна со млади луѓе во Бкерке, Либан. Настанот започна со сведоштва од волонтери и млади луѓе, а потоа двајца му поставија прашања на Светиот Отец.

Во својот говор, Папата почна обраќајќи им се на присутните со „поздравот на воскреснатиот Исус“, „асаламу алејкум“ или мир со вас.

Ентузијазмот што сите го чувствуваат, истакна Папата, „ја изразува Божјата љубовна близина, која нè зближува како браќа и сестри за да ја споделиме нашата вера во него и нашето заедништво едни со други“. Поточно, тој им посака добредојде на младите луѓе од Сирија и Ирак, како и на сите Либанци кои се вратија од странство.

Сè уште има време

Навраќајќи се на сведоштвата од Антони, Марија, Ели и Џоел – кои ги изнесоа пред обраќањето на Папата – Светиот Отец нагласи дека нивните сведоштва се приказни за „храброст среде страдањето, надеж во лицето на разочарувањето и внатрешен мир во време на војна“.

Историјата на Либан е полна и со славни и со тешки моменти. Во ова историско минато, папата Лав ги охрабри младите да не губат надеж. „Можеби жалите што наследивте свет растргнат од војни и обезличен од социјална неправда. Сепак, во вас има надеж – дар што ние возрасните се чини дека го изгубивме“, се пожали тој. „Сè уште има време да се планира, да се сонува и да се прави добро“.

Тој ги потсети дека тие се сегашноста и иднината и дека тие се оние кои можат да го променат текот на историјата. Злото не е противотров на злото, туку одговорот е љубовта. Сведоштвото „се пророштва за нова иднина што ќе биде најавена преку помирување и меѓусебна помош“.

Христос како темел на мирот

Либан, татковината на овие млади луѓе, повторно ќе процвета, нагласи папата Лав. Погледнувајќи го примерот на кедровото дрво – националниот симбол – тој истакна дека силата на дрвото лежи во неговите корени, како што е исто и за народот на Либан. Светиот Отец ги повика младите луѓе да „црпат од добрите корени на оние што се посветени на служење на општеството, без да го користат за свои интереси“.

Тој ги повика да бидат извор на надеж што ѝ е потребен на земјата. Папата Лав истакна дека прашањата што ги поставија двајцата млади луѓе помагаат да се исцрта курс за иднината. Првото прашање вклучуваше наоѓање цврста основа врз која ќе се истрае во посветеноста на мирот, што Папата нагласи дека не може да биде идеја, договор или морален принцип. Воскреснатиот Христос мора да биде оваа основа.

Сепак, мирот може да биде автентичен само ако не е резултат на партиски цели. Вистина е дека „простувањето води кон правда, што е основа на мирот“.

Вистинското пријателство нема временско ограничување

Второто прашање поставено до Папата беше за одржување на врските засновани на вистинска љубов. Светиот Отец ја објасни потребата да се избегнува нашите лични интереси да имаат предност пред довербата и грижата за другите. Тој предупреди дека „ако нашето его е во центарот на пријателството или љубовната врска, тоа не може да вроди со плод“.

Вистинската љубов, истакна папата Лав, не е привремена, не може да има временско ограничување. Покрај тоа, вистинското пријателство е кога „ти“ се става пред „јас“. „Овој почитувачки и гостопримлив начин на гледање на другите“, истакна тој, „ни овозможува да изградиме поголемо „ние“, отворено за општеството како целина и за целото човештво.

Цврстите пријателства се градат врз заедничка доверба и „засекогаш“ што е во срцето на секој повик кон семеен и религиозен живот.

Не треба да се обесхрабрувате

Љубовта е најголемиот израз на Божјото присуство во светот. Милосрдието е универзален јазик „затоа што зборува на секое срце“. Папата Лав објасни дека милосрдието не е само идеја, туку приказна што ги открива животите на Исус и светците – кои нè придружуваат во предизвиците на нашите животи.

Помислете на многуте млади луѓе – кои како присутните на овој плоштад – одбија да бидат обесхрабрени од неправдите и лошите примери, дури и оние во Црквата. Напротив, тие работат на создавање нови патишта во потрага по Небото и неговата правда.

Потоа Светиот Отец ги потсети младите на примерите на светците Пјер Џорџо Фрасати, Карло Акутис и многуте либански светци, како што се свети Рафка, блажениот Јакуб Ел-Хадад и свети Шарбел.

Во свет преоптоварен со одвлекување на вниманието, Папата ги охрабри младите луѓе да „одвојат време секој ден да ги затворат очите и да гледаат само во Бога“. Иако може да изгледа дека молчи, папата Лав нагласи дека Бог им зборува на оние кои Го бараат во тишината.

На крајот, Папата ја истакна убавината што многу млади луѓе ја носат со себе, Бројаницата. Тој ги повика да ја чуваат молитвата за мир на Свети Фрањо од Асизи (Господи, направи ме оруди на Твојот мир) во своите срца и умови за да помогнат во одржувањето на жив христијанскиот ентузијазам во нив.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот