Папата потсети на жртвите од пожарот на Мауи и се помоли за мир во Камерун

Папата потсети на жртвите од пожарот на Мауи и се помоли за мир во Камерун

По неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо потсети на жртвите од пожарите што го опустошија островот Мауи на Хаваите. Тој, исто така молеше за дијалог и мир во западно-централноафриканската држава Камерун.

Во поздравите по молитвата Ангел Господов во недела 13 август 2023 година, папата Фрањо испрати мисли и молитви за жртвите од пожарите што го опустошија островот Мауи на Хаваите. Зборовите на Папата уследија по телеграмата со сочувство што ја испрати до апостолскиот нунциј во САД во петокот, 11 август, изразувајќи ја својата солидарност со сите оние кои страдаат од таа трагедија, особено оние чии најблиски починале или исчезнале, молејќи се за Божји благослов сила и мир.

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи достигна 93, додека стотици луѓе се водат како исчезнати. Гувернерот на Хаваите рече дека пожарите се најголемата природна катастрофа во историјата на островот, со околу 2.200 уништени или оштетени објекти.

Молитва за мир во Камерун

Папата потоа потсети дека во понеделник, 14 август, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, ќе се одржи ходочастие за мир во Бафусам, Камерун, земја која се уште е погодена од насилство и војна. „Да се придружиме во молитвата на нашите браќа во Камерун, преку посредништво на Богородица, Бог да ја поддржи надежта на народот кој со години страда и ќе ги отвори патиштата на дијалогот за да се дојде до хармонија и мир“.

Украина

Во исто време, Папата ги замоли сите да продолжат да се молат за напатениот украински народ кој многу страда од војната. „Да молиме и за разурнатата Украина, која толку многу страда во таа војна.

Знамиња на Светскиот ден на младите на плоштадот Свети Петар

Папата ги поздрави многубројните млади кои учествуваа на Светскиот ден на млади во Лисабон.

„Ве поздравувам сите, Римјани и ходочасници од различни земји. Посебно ги поздравувам некои од групите кои учествуваа на Денот на млади во Лисабон… Ги има многу! Гледам знамиња… Полска, Мексико, Аргентина, Италија, Ел Салвадор, многу! Ги поздравувам и свештениците и младите од Ел Салвадор кои се навистина сјајни, студентите од Иберо-американскиот универзитет во Пуебло, Мексико; и младите од Тајван“, истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот