Папата Фрањо во телеграма ја изразува својата близина во врска со трагедијата што се случи во неделата вечерта во Сенегал. Претседателот Сал бара да се преземат мерки за да се обезбеди безбедност на јавниот транспорт во земјата често погодена од слични трагедии
Во телеграмата упатена до сенегалскиот претседател Меки Сал, папата Фрањо ја изразува својата загриженост и блискост со жртвите, барајќи од Господ да ги прими починатите во „неговиот мир и светлина“. Тој исто така се моли на Бога „да им даде утеха и надеж на сите луѓе погодени од оваа трагедија“. Телеграмата со сочувство е потпишана од државниот секретар на папата, кардиналот Пјетро Паролин.
Во земјата е прогласена тридневна жалост, која заврши на 11 јануари, а претседателот Сал најави дека ќе преземе мерки за безбедност на патиштата и јавниот превоз. Несреќата се случила во селото Гниви, во централниот дел на државата, кога на автобусот му пукнала гума, при што возилото извртело и се судрило со друг автобус кој доаѓал од спротивниот правец.
Ватикан њуз/к.мк