По смртта на малолетната домашна помошничка во Шри Ланка епископот од Кандиј Вијанеј Фернано побара законска забрана за работа на деца.
Во соопштението за јавноста објавено на 6 август епископот Фернандо побара реформа на законот кој ќе загарантира дека повеќе ниту едно дете не смее да се вработи за работа во домаќинство.
Шеснаесетгодишната Исхани на почетокот на јули е доведена во болница во Коломбо со тешки изгореници од кои и почина на средината на јули. На обдукцијата е утврдено дека била и сексуално злоупотребувана. Работела како домаќинка во домаќинството на пратеникот и некогашен министер Рисхад Батхиуден.
Според податоците на Меѓународната организација за трудот во 2016 година еден посто односно 44.000 девојчиња и момчиња во Шри Ланка биле прунудени да работат, од нив 39.000 работеле во услови опасни по здравјето.
Судството во Шри Ланка потврдува дека не постојат законски прописи за вработување на малолетници во домаќинството. Тие исто така често се жртви на трговијата со луѓе и економско и сексуално искористување.
Ватикан њуз/к.мк