Според податоците на фондот „Исус најсветиот работник“, кој им помага на погодените од пандемијата, 2.500 сиромашни и осамени луѓе во Рим добиле помош.
На поттик од папата Фрањо, фондот е создаден со цел да обезбеди субвенции и грантови за приход за да им помогне на погодените од пандемијата повторно да се интегрираат во светот на работата. Покрај финансиската помош, Црквата и институциите слушаа и беа блиски со многу луѓе кои беа осамени поради карантинот и други епидемиолошки мерки.
Податоците за работата на фондот една година по неговото започнување беа презентирани во седиштето на Римскиот викаријарат на 3 август 2021 година од страна на надбискупот Џанпјеро Палмиери, римската градоначалничка Вирџинија Раџи и претседателот на регионот Лацио, Никола Зингарети.
На Фондот му се придружија градот Рим и регионот Лацио кои заеднички ја формираа „Алијансата за Рим“. Компании и поединци, исто така, придонесоа со донации. Благодарение на соработката, повеќе од 2.500 луѓе добија помош минатата година. Како што рече надбискупот Палмиери, иницијативата е еден вид „сидро на спасение и надеж“. Со овој проект, ние се обидовме, секој на свој начин и со свои вештини, да се спротивставиме на нашата склоност кон егоизмот – рече надбискупот.
Тој исто така посочи дека еден од најголемите проблеми во Рим е несигурноста на работното место. Премногу луѓе беа искористувани на работата. Не смееме да поттикнуваме нетранспарентна и слабо платена работа. Како општество и како Црква, можеме да влијаеме и да направиме мали гестови на надеж. Никој не е толку сиромашен за да не може да направи ништо – рече монс. Палмиери.
Ватикан њуз/к.мк