Епископите на Гана ќе посадат милион стебла

Епископите на Гана ќе посадат милион стебла

Конференцијата на католички епископи на Гана го објави планот за садење на милион стебла како одговор на седумгодишната иницијатива „Лаудато Си акциска платформа“ која како продолжение на „Лаудато Си година“ ја започна Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и папата Фрањо.

Освен што со садењето на стебла сака да се одговори на иницијативата на Светиот Отец епископите на Гана со тоа сакаат да ја поддржат и програмата на владата на Гана за животната средина „Green Ghana Project“. Според планот кој владата го објави во април целта е оваа година да се посадат пет милиони стебла.

„Повторно сакаме да ја истакнеме посветеноста на Конференцијата на католички епископи на Гана да посади милион стебла во текот на овогодинешниот дождлив период како што е најавено на пленарното заседавање на почетокот на мај“, изјави претседателот на Конференцијата тамалскиот надбискуп Филип Намех.

„Со целото срце ја поздравуваме седумгодишната Лаудато си акциска платформа која ја започна папата Фрањо за да ја поттикне Црквата и сите луѓе со добра волја на делување за решавање на еколошките и социјалните катастрофи“, рече надбискупот Намех.

Гана се простира на 238 533 квадратни метри од кои 40 % ги покрива тропска дождовна шума претежно абонос, тиково и махагони.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот