Советот на Епископските конференции на Африка и Мадагаскар на првата годишнина од посетата на папата Фрањо објави порака на охрабрување за заземање за мир, надеж и помирување на што поттикна Папата.
Папата Фрањо пред една година беше на апостолско патување во Африка посетувајќи ги од 4 до 10 септември Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус. Советот со оваа порака го повторува апелот на Папата „дека сите мора секогаш да кажеме НЕ на насилството и ДА на мирот, затоа што со војната сè се губи и сè се стекнува со мирот.“
Имено, заради конфликтот населението на крајот останува без куќите во кои живее, без храна, училиште, воспитание и образование, болници, цркви каде што се собира на молитва и без сопствените полиња. Илјадници луѓе принудно се селат во потрага по сигурност и средства за преживување. Затоа епископите уште еднаш поттикнуваат на мир како послание кое ги вклучува сите и бара постојана и неуморна работа.
Епископите исто така напоменуваат дека мирот не е само отсуство на војна, туку неуморна обврска, посебно на оние кои имаат голема одговорност да го препознаат, загарантираат и конкретно да го обноват достоинството „кое нашите браќа и сестри толку често го забораваат и занемаруваат, за да се чувствуваат како главни носители на судбината на своите народи и континенти.“ Само со мирот е можно да се постигне помирување; тоа значи дека е потребен постојан процес во кој е вклучена секоја нова генерација и во која постои отвореност за вистинска средба, признавање на другиот, зајакнување на врските и градење на мостови, порачуваат епископите.
„За жал во неколку африкански земји вклучувајќи го Мозамбил кој го посети Папата сè уште сведочиме за сурово насилство и на поголемиот дел на континентот нема никаков знак на мирен соживот и хармонија, единство, прехранбена сигурност и заштита на животната средина,“ истакнаа епископите и на крајот од пораката му се заблагодаруваат на Папата затоа што е гласник на надежта, предвесник на мирот и поборник за помирување.
Ватикан њуз/к.мк