На 14 декември 2019 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција апостолските соработници на бискупијата Милано, Падова и Тревисо и истакна дека се во служба на конкретен народ кој го има лицето на бискупијата
Дадете го својот живот за конкретната заедница со радоста на воскресението и воодушевувањето за луѓето, соработувајќи со пастирите во служењето на Божјиот народ во парохиите, ораториите, затворите и сиромашните – рече папата Фрањо за време на аудиенцијата на која ги прими апостолските дијацезантски соработници од Милано, Падова и Тревисо. Поздравувајќи ги епископите и свештениците на чело со миланскиот надбискуп монс. Марио Делпини, Папата им го предаде пишаниот говор во кој ја истакнува централната димензија на нивниот идентитет односно важниот облик на присуството на жените во Црквата.
Таа димензија на верноста, не на некој неодреден народ, туку токму на тој кој има своја историја, свое богатство и сиромаштво, е важна особина на посланието на Исус Христос Кој е испратен од Отецот кај загубените овци на домот Израилев – пишува Светиот Отец. (…)
Папата Фрањо сака да ја истакне важната точка на нивното послание, односно искуството на директна соработка со пастирите во служењето на народот и тоа го прави повикувајќи се на Вториот ватикански собор на декретот за апостолатот на верниците лаици, Apostolicam actuositatem, кој кога зборува посебно за Католичката акција вели дека тие верници лаици делуваат под надреденото водство на самата црковна хиерархија која може таа соработка да ја уреди и преку експлицитен мандат.
Папата знае дека таа работа понекогаш е тешка и напорна, и дека Светиот Дух сее посебни дарови на посветеност преку кои исто така е можно да се посвети Црквата. Затоа е напишано дека е важно епископот и надлежните свештеници да расудуваат како што се случило во нивните различни дијацезантски реалности. Забележуваме некои работи кои се повторуваат во различни искуства, а она најважното е дека бискупот е внимателен кон дарот кој се наоѓа во заедницата и кој одговара на некоја пасторална потреба, а не само на некоја функција и функционализам – пишува Светиот Отец и истакнува: Тогаш тоа е дело, дело на расудување. Така харизмата се преиспитува, се прифаќа и препознава и го прима својот облик во таа дијацезантска заедница. Затоа како важен елемент се покажува тесна соработка со епископот. (…)
Папата во говорот се осврнува на историјата на епископските соработници која во Милано започнува за време на епископската служба на светиот Џовани Батиста Монтини, папата Павле VI. Епископските соработници не се основани со некоја канцелариска одлука, туку врз основа на искуствата со апостолатот, посебно во Католичката акција. Тоа е апостолатот за кој зборува соборскиот декрет за делувањето на верниците лаици.
Исус не ги прифаќал некои жени меѓу своите ученици заради „feminizаm ante litteram“ – толкува Папата и додава, туку затоа што Отецот го поттикнал да се сретне со тие сестри на кои им било потребно оздравување како и на мажите. Меѓу кои била и Марија Магдалена со посебна харизма на верата и љубовта кон Господ кој утрото на Велигден се објавува најпрво на неа, доверувајќи ѝ ја веста за воскресението да ја пренесе на браќата. Праведно е и убаво името кое на епископските соработници им го дал надбискупот Монтини, жени на воскресението – завршува папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк