Околу 40 илјади Полјаци на стадион молеа за Синодата

Околу 40 илјади Полјаци на стадион молеа за Синодата

„Средбата е посветена на оние кои некаде на својот животен пат го загубиле Господ, но и за оние кои го познаваат, но потребна им е сила за да тргнат понатаму.“

Прекрасна фотографија од главниот град на Полска. Околу 40 илјади млади луѓе се собраа во сабота на Националниот стадион во Варшава во молитва за Синодата која овие денови се одржува во Рим. Средбата траела 12 часа, а вклучувала молитва, сведоштва, концерти и претстви, пренесува Catholic Herald. Организаторите тврдат дека оваа е најголемата средба која се одржала во текот на досегашното времетраење на синодата.

„Сакаме духовно да се соединиме со синодата и да се молиме за неа,“ изјави Рафал Јаросиевич, организатор на средбата. „Средбата е посветена на оние кои некаде на својот животен пат го загубиле Господ, но и за оние кои го познаваат, но потребна им е сила за да тргнат понатаму,“ исстакна Рафал Јаросеиевич.

Кардиналот на Варшава Казимиерж Неж се заблагодари на младите луѓе кои се собраа за да се поврзат со синодата и со папата Фрањо. „Ова синода е за вас! Вие сте надеж на Црквата. Вие сте надеж на светот,“ порача кардинал Неж.

Еден дел од младите Полјаци за синодата се молеа во светилиштето Јасна Гора во Честохова, инаку познато ходочасничко место за голем број Полјаци и за другите европски верници. Според податоците на Полската епископска конференција, повеќе од 122 илјади млади од Полска на разни места со молитва ја поддржа синодата во Рим.

Битно нет/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот