Кога те удрив, тоа го запиша на песокот, кога ти го спасив животот тоа го врежа на камен. Зошто?
Двајца пријатели оделе низ пустина. Во еден момент од патувањето се скарале еден со друг и едниот му плеснал шлаканица на другиот. Ударениот бил повреден, но без никаков изговорен збор напишал на песокот: „Денес мојот најдобар пријател ми удари шлаканица’’.
Продолжиле да одат додека не наишле на оаза каде решиле да се искапат. Плеснатиот заглавил во мочуриштето и почнал да се дави, но пријателот го спасил. Кога се опоравил од шокот, на камен напишал: „Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот’’.
Тој што го плеснал пријателот, но и што му го спасил животот прашал: „Кога те удрив ти тоа го запиша на песокот, а кога ти го спасив животот тоа го врежа на камен. Зошто? Тој му одговорил:„Кога некој нас нé повредува, треба тоа да го запишеме на песок за ветровите на простувањето да го избришат. Кога некој за нас ќе направи добро дело, мораме да го врежиме на камен за ниеден ветер да не може да го избрише’’.
Научи да ги запишуваш твоите болки на песок, а добрите работи да ги врежуваш на камен!
Битно нет/ Стефанија Ристова