Ватикан: Објавени упатствата „Ordo virginum“

Ватикан: Објавени упатствата „Ordo virginum“

Упатства и поттик за епископите, посветените девици и жени во формација

Поминаа скоро 50 години откако во 1970 година блажениот Павле VI. го објави документот ‘Ordo virginum’, па до денес кога Конгрегацијата за институти со посветен живот и заедници со апостолски живот ги објави упатствата ‘Ecclesia Sponsae Imago’, документ кој е плод на синодална работа, со која на епископите, посветените девици и жени во формација им се дава упатства и поттик.

Текстот доаѓа по длабока историска обработка која гледа на симболите, обредите, обичаите, сакајќи да даде нов поттик во потполно изменети околности на тој посебен облик на посветување, кој овозможува на жените да останат во своите редовни животни околности, а не е неопходно да мора да носат униформа, која со векови има сила за привлечност, откривајќи го богатството за целата Црква. Кардинал Жао Браз де Авиз, префект на Конгрегацијата за институти за посветен живот, се надева дека 2020 година тоа богатство ќе може да се слави во Рим заедно со Папата на голема меѓународна средба.

За време на „Годината на посветен живот“ меѓу другото зголемен е и бројот на посветените девици, над пет илјади на сите пет континенти, а во пораст се и барањата до Светиот Престол од страна на епархиските епископи на кој им е доверена грижата за „Редот на девиците“, како тие би можеле да го задржат својот идентитет, почитувајќи ја па и вреднувајќи ја разноликоста на културните услови во кои се изразува таа стара харизма, земајќи ги во обѕир локалните услови. Секретарот на Конгрегацијата, епископот Хозе Родригез Карбало, објавувајќи ги упатствата истакна три точки, врз основа на кои се развива текстот.

Првата се однесува на повикот за сведочење на „Редот на девиците“, и се осврнува на библиските и христолошките темели на посветената девственост, претставувајќи ја харизмата, духовната димензија и начинот на живот, кои го прифатиле жените, кои припаѓаат на тој ред. Упатствата нагласуваат потополна бесплатност и маријански облик на тој повик, потсетувајќи дека преку девственото посветување, жената станува „есхатолошки знак на Црквата, свршеница Христова“. Девиците првенствено се повикани да го следат Христос, прифаќајки го Неговиот начин на живот во девственост, сиромашство и послушност. Тие се посветуваат на молитва, покора и дела на милосрдието, никогаш не го занемаруваат апостолатот и го прифаќаат евангелието како основно правило за својот живот како би „станале ближни“ на луѓето од денешното време, посебно на сиромашните и оние во потреба. Посветените девици може да живеат сами или во семејствата, заедно со друга посветена личност и во сите услови, кои овозможуваат уште подобро изразување на нивниот повик.

Вториот дел од текстот е посветен на црковното обликување на “Редот на девиците“ во локалните цркви и во универзалната Црква, а се концентрира на практична примена за вкоренување во епархиите, кои мора да создадат врска на љубов, заедништво и припадност. Посветените жени мора да се почувствуваат како ќерки на локалната Црква, споделувајќи ја нејзината историја на светост, да допринесува во нејзината изградба и послание, а Црквата мора да ја помогне на различни начини. Во тој делод текстот пропишува исто така сѐ што се однесува на трајноста, преместувањето во други епархии и на можноста за основање фондации за материјална помош на редот.

Третиот дел од документот се однесува на изборот на звањето и формацијата со духовен и педагошки аспект. Акцентот е на улогата на епархискиот епископ кој е одговорен за распознавање на повикот на оние кои размислуваат за тој повик и кандидатките; на секоја да ѝ се обезбеди соодветна почетна формација.

Повторната понуда на тој начин на живот во Црката изгледа како застарена, но тоа е чин на доверба за делувањето на Светиот Дух, кој многу жени ги води да го прифатат тој повик во светло на патот која го помина Црквата низ вековите и според потребите на моменталните историски околности; станува зброр за вистинско посветување, привлечно и одговорно – истакна секретарот на Конгрегацијата, епископот Карбало.

Тоа е привлечен предизвик кој треба да се вреднува и подобро да се сфати присутноста на жената во Божјиот народ и во Црквата. Со упаствата ‘Ecclesiae Sponsae Imago’ Црквата сака да помогне во откривањето на убавината на тој повик и да помогне да се покаже убавинаа на Господ, кој го преобразува животот на многу жени кои секојдневно го живеат тоа искуство – рече на крајот префектот на Конгрегацијата за институти со посветен живот, кардинал Жао Браз де Авиз.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот