Недела на Сите Светии

Недела на Сите Светии

Во Литургијата Црквата ја прославува Пасхата на Христос испратен од Отецот, кој умре и воскресна за спасението на светот и кој го испрати Светиот Дух. Во Светиите, чиј спомен е вметнат во литургиската година, Црквата го слави пасхалното таинство реализирано во нив, им ги предлага на верниците нивниот пример кои ги повикуваат кон Отецот преку Христос, и ги доверува на нивното братско посредување.

Празникот на Сите Светии, Неделата после Педесетницата на Истокот веќе се славел од IV век. (…)

Сеќавањето на мачениците, заеднички за различни цркви, почнале да се славаат уште во IV век. Првите трагови за сеопшто прославување биле потврдени во Антиохија, и се однесувало за следната Недела после Педесетница. За ова празнување било запишано и во 74-та беседа на Иван Златоуст (407) и е зачувана до денес од страна на источните цркви. Исто така и свети Ефрем од Сирија (373) зборува за овој празник, кој се славел на 13 мај.

Содржината на празникот величествено е изразена во Евхаристиската молитва која нѐ повикува да размислуваме за небеснеиот град, каде што светците во вечност го славаат Божјото име и нѐ охрабрува нас, верниците овде на земјата, осигурувајќи ни дека исто така и ние ќе ја достигнеме таа цел доколку побрзаме да го следиме Христос. Тие се огромно мноштво од секој народ, јазик и раса, кои ги измиле своите алишта во крвта на Јагнето и ја надминале големата неволја, одностно тие се плод од пасхата Христова. Коренот на христијанската светост е љубовта на Бог Отец кој нѐ направи свои деца, учесници од часот на неговиот живот. Додека патот е оној на блаженствата кој Исус го поминал пред да ни го предложи на нас верниците.

Ние знаеме дека врската што постои помеѓу Бог и нас се воспоставува во комуникација со душите на нашите починати. Пораката на љубов која ние им ја испраќаме, ним им пристига преку таинствениот канал конституиран од Заедништвото на Светците, царството на добротвотната љубов“.

Блажен Павле VI, папа

Кармелитјани/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот