Средба во Паљурци

Средба во Паљурци

На 5 мај во Паљурци се одржа средба на свештеници, монашки заедници и црковни движења, на која присуствуваше и Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. На почетокот од средбата се молеше Света Бројаница и молебен до Пресвета Богородица, а потоа продолжи со дружење и заедништво.

Во своето кратко обраќање владиката Стојанов поздравувајќи ги присутните истакна дека оваа година се навршуваат 110 години откако владиката Шанов ја посветува Македонија на Пресвета Богородица Утешителка, на 4 мај пред 159 години во Виластоне – Италија е родена сестра Еврозија Алоати, основателка на сестрите Евхаристинки, на 1 мај се навршија 17 години од прогласувањето на Апостолскиот егзархт во Македонија. На ова додаваме дека на 1 мај Н.В.П. д-р Киро Стојанов е хиритонисан за епископ во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

При крајот на средбата присутните го посетија и обновенaта црква „Пресвета Богородица Утешителка“, каде присутните измолија десетка од Светата Бројаница и молитвите за беатифиакција на о. Јосиф Алоати и с. Еврозија Алоати.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот