Папата: Не можеме да молчиме

Папата: Не можеме да молчиме

На литургискиот спомен на света Јозефина Бакхита, на 8 февруари се слави Светскиот ден на молитвата и размислувањата со цел сузбивање на трговијата со луѓе, во спомен на нејзиниот живот на робинка ослободена со Исусовата светлина.

Оттука доаѓа и заземањето на Црквата и наклонетоста на папата Фрањо кон сите жени кои имаат поднесено насилство, како и кон големиот број мигранти во потрагата за нов живот.

Во духот на милосрдието, да ги прифатиме жртвите на трговијата со луѓе, како и на оние кои бегаат од војната и гладот. На денот посветен на сузбивањето на трговијата со луѓе, папата Фањо со таа твитер порака повторно се осврна на таа драма. Во втората порака на Твитер која ја објави истиот ден пак истакна дека не можеме да молчиме пред страдањето на милиони луѓе чие достоинство е рането.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот