Папата: Целото човештво има обврска да ги штити океаните

Папата: Целото човештво има обврска да ги штити океаните

Океаните нè поврзуваат и поттикнуваат на соработка – стои во пораката на папата Фрањо до учесниците на меѓународната конференција „Наш океан, океан за живот“ која овие денови се одржува во Малта.

Во писмото кое го потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, се истакнува посебното значање на светските мориња и потсетува дека е заедничка обврска на целото човештво да се заштитат.

Кога се зборува за океаните и луѓето секогаш играле улога: луѓето кои работат во рибарството во нехумани услови, и многу бегалци кои ги користат морските патишта. И за многу вероисповеди океаните имаат големо значање. Наведувајќи ја енцикликата на Папата „Лаудато Си“, кардинал Паролин истакнува дека религијата и науката, секоја со своите својствени сфаќања на реалноста, можат да стапат во интензивен дијалог кој ќе биде плодоносен за двете страни, а во чиј центар ќе биде зачувувањето на морињата и целото создание.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот