„За момчињата и девојките да умеат великодушно да одговорат на својот повик, размислувајќи сериозно и за можноста да се посветат на Господ во свештенството или во посветениот живот,“ гласи молитвената накана на Светиот Отец за месец април, која е објавена на 4 април 2017 година.
Во видео пораката Папата на шпански јазик им се обрати на младите пред повикот.
Тој им рече дека е свесен дека не сакаат да живеат во илузијата на лажната слобода која ги следи тековните моди, и знае дека младите се стремат кон повеќе. Тој ги повика да не дозволат другите да бидат протагонисти на промените, затоа што во нивните раце е иднината. Затоа ги повика да бидат градители на светот, да работат за подобар свет. Молете се заедно со мене за младите великодушно да одговорат на својот повик, ангажирајќи се за големи цели и потреби на нашето време – стои на крајот од пораката на Папата.
РВ/к.мк