На 2 март 2017 година во бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Валентина Божиновска.
Во таа прилика бискупот Стојанов на директорката Божиновска и ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“, која содржи настани од татковинската прослава.
Бискупот Стојанов уште еднаш се заблагодари за помошта од Комисијата на чело со директорката, како и за убавата соработка при организацијата на татковинската прослава во чест на канонизацијата на Мајка Тереза, а убавите настани ги чува монографијата, која неодамна излезе од печат.
Директорката Божиновска се заблагодари на бискупот Стојанов на подарената монографија, истакнувајќи ја радоста за соработката и организаијцата на татковинската прослава во чест на канонизацијата. Соговорниците заеднички се присетија на настаните во Скопје по повод прославата, како и за присуството на свеченоста за канонизација во Рим.
Директорката Божиновска беше придружувана од своите соработнички Наташа Никифоровиќ и Радмила Заревска.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк