Додека овие денови го исчекуваш Бог повторно да ти дојде во облик на Дете онака мал и безопасен, близок и познат, речиси спротивен на поимот за недостижен и далечен Бог, не дозволувај светот да ти го одвлече вниманието. Бидејќи тој ќе ти го направи токму тоа.
Ќе те уверуваат дека тој копнеж и радост што твојата души ги чувствува треба да ги потопиш во бучавата, колку е погласна толку подобро, за да биде твојата веселба поголема, да ја следи лудоста која веќе започнува во ритамот на ѕвончињата и ѕвоната што одекнуваат насекаде славејќи го Божиќ од кој го исфрлиле малиот Бог. Сценографијата останува, пејзажот е поставен, сцената е веќе подготвена за уште една лажна претстава – лажна затоа што во поставените јасли не лежи повеќе Златното Детенце… лажна ако ТИ тоа и дозволуваш. А ти дозволуваш.
Дали воопшто си забележал дека и ти си дел од таа приказна? Те увериле дека земјата е поважна од небото, им требаше години за да те уверат затоа што си роден со вистината во срцето, но со текот на времето им успеало затоа што еве те сега тебе во тивката ноќ, која е полна со галама и мислиш дека љубовта и вниманието не се љубов и внимание ако не ги замоташ во сјајна хартија. Престана, а ниту самиот не знаеш како да го цениш непроценливото дека истовремено проценуваш според цените. (…)
Полно ти е срцето со љубов, полна ти е куќата, полна ти е трпезата, дури и премногу во таа мера премногу што си го турнал она најважното.
Знам мислиш дека погрешно расудувам. Знаеш зошто сум во право? Затоа што и јас сум таа. И затоа и добро те разбирам. Можеби не сум те запознала, но сепак добро те знам.
Што точно исчекуваш сега во овој Божиќен пост? Ги одбројуваш деновите во календарот до оној ден кога ќе ја рашириш насмевката и на сите ќе им го честиташ раѓањето на Детето, а истовремено токму секој ден пропушташ да го видиш неговиот одраз во окото на твојот несреќен ближен или некој таму заборавен непознат кој воопшто не те допира и кој седи таму сам и напуштен на улица, а кој те тера да чувствуваш непријатност и да го забрзаш чекорот? Му свртуваш грб секој пат кога дозволуваш твојата одбивност некому да му нанесе рана, онака хируршки прецизна.
Направи место. Сега е вистинско време, следејќи ја трагата на Новороденчето повторно да се откриеш себе. Создаден си совршен. За тебе е создаден целиот овој свет, целата природа, сите жива суштества во неа, а ти, ти си негова круна!
Кога престана себе да се гледаш така?
Ќе ти кажам кога. Во оној момент кога му поверува на светот дека си само безначајна бројка во толпата која го живее во овој момент тој свој еден живот, кој има смисла само додека го живееш и додека си угодуваш и кога си сфатил дека е неверојатно токму ти да бидеш толку скапоцен и посебен за единиот Бог да слегне на земјата како што кажал свети Августин се „почовечи“ за да можеш ти да се „побожествениш“… тогаш престана да се гледаш онаков каков што си.
Остави го целиот сјај на овој свет, нема Божиќ во твоето срце подобро да блеска ако набавиш стотици лампиони, овој пат нека не блескаат полираните монистри, туку полираната душа. Не дозволувај повторно да се вовлечеш во лудилото на светот кој привидно слави, а всушност се потсмева. Она што со нетрпение го исчекуваш достојно ќе го поздравиш, ако блеснеш од запоставениот прашлив простор на својата душа во секоја смисла да станеш достоен за прекрасното човекољубие на нашиот Бог кој токму преку Божиќ влезе во нашиот свет.
Токму сега во Божиќниот пост го облагородуваш чувството на копнеж за Бог кое отсекогаш го носиш во себе. Стани свесен за тоа.
Немој да се прилагодуваш на светот кој не го познава Бог. Знаеш нашиот Бог не е себичен Бог. Незаситен е од љубовта и кога ни говори „ете, на своите дланки сум те забележал; твоите ѕидишта секогаш се пред Мене“, Тој не ти говори само на тебе верниот, туку на сите до еден неверен и залутан – Он е Тој Кој ги остава овците и поаѓа во планината за да ја бара таа едната загубена.
Дозволи Му да заблеска во тебе така што и другите да можат да Го видат
Речиси те уверија дека она што ти го чувствуваш во својата душа е премногу далеку и недостижно, дури непостоечко, па ете во оваа благословено време потсети се на она што си го знаел некако од секогаш: каде навистина лежи вистинската љубов, вистинското богатство и конечното спасение. Не мораш многу да бараш – само следи го трагот на својот Бог. А тој е со тебе и во тебе. Целото небо се борело за да се родиш токму ти! Не го заборавај тоа додека исчекуваш уште едно раѓање. Зошто си роден – токму ти.
Николина Накиќ/Битно.нет/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк