Податоците објавени од Префектурата на папскиот дом покажуваат дека над 250.000 луѓе присуствувале на папските аудиенции и литургиските прослави во Ватикан во периодот до април. По изборот на папата Лав XIV на почетокот на мај, речиси три милиони верници учествувале на светите Литургии и свеченостите.
Во 2025 година, 3.176.620 луѓе беа присутни на Папските аудиенции и литургии во Ватикан.
Тоа е според бројките објавени од Префектурата на Папскиот дом, што вклучува генерални, јубилејни и посебни аудиенции; литургиски прослави; и молитвата Ангел Господов.
Помеѓу јануари и април, во Ватикан се одржа ограничен број настани, поради лошата здравствена состојба на папата фрањо. Во тој период Ватикан го посетија 262.820 луѓе: 60.500 за осумте генерални и јубилејни аудиенции во тој период, 10.320 за посебните, 62.000 верници присуствуваа на светите Литургии и 130.000 присуствуваа на молитвата Ангел Господов.
Броеви од изборот на папата Лав
Од изборот на папата Лав XIV за Папа на 8 мај, регистрирани се 2.913.800 посетители. 1.069.000 верници присуствуваа на 36-те генерални и јубилејни аудиенции, а 148.300 учествуваа на специјалните аудиенции.
Покрај тоа, податоците покажуваат дека 796.500 луѓе присуствувале на литургиските обреди, додека 900.000 биле на плоштадот „Свети Петар“ за молитвата Ангел Господов. Присуството на молитвата Ангел Господов беше највисоко во декември, бидејќи 250.000 луѓе се молеа со папата Лав за време на молитвата Ангел Господов.
Најголем број верници кои присуствуваа и на литургиските славења (близу 200.000) и на генералните и јубилејните аудиенции (околу 295.000) беше забележан во октомври.
Ватикан њуз/к.мк

