11 септември 2001 – денот кога Иван Павле II тагуваше со Америка

11 септември 2001 – денот кога Иван Павле II тагуваше со Америка

Светиот Отец кратко време се задржа пред телевизорот, а потоа влезе во блиската капела во која уште долго остана во молитва. Побара побрзо да се воспостави контакт со тогашниот американски претседател Џорџ Буш за да му изрази поддршка и да му даде поддршка во молитвата.

Поранешниот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Жоакин Наваро Валс е човекот кој тогашниот Папа, свети Иван Павле II го известил дека три авиони удрија во Светскиот трговски центар и Пентагон. „Се сеќавам на тоа страшно попладне како да беше вчера. Му се јавив на Папата кој во тој момент престојуваше во Кастел Гандолфо и му ги кажав страшните вести. Тој не беше само шокиран од трагедијата, туку и од несфатливиот факт дека човек може да направи такво зло,“ објасни во разговорот кој во 2011 година го даде за Vatican Insider.

Иван Павле II бил Папа кој за жал и тоа како ја почувствувал трагедијата и војната. Пораснал гледајќи како неговата родна Полска ја преземаат нацистите и Советите, а подоцна како Папа пловел во опасните меѓународни води на Студената војна. И покрај тоа терористичките напади на Америка длабоко го допреа.

„Бил многу потресен и тажен. Се прашуваше како можеше да се случи толку одвратен напад,“ се присети Наваро-Валс. Опиша како Светиот Отец уште кратко време се задржал пред телевизорот, а потоа влегол во блиската капела, во која уште долго останал во молитва. Побара брзо да се воспостави контак со тогашниот американски претседател Џорџ Буш за да му се изрази поддршка и да му даде поддршка во молитвата.

„Сакам на Вас и на Вашите граѓани да им ја изразам мојата длабока жалост, но и близина во молитвата за нацијата во овој мрачен и трагичен момент,“ напиша Папата до поранешниот американски претседател.

Поранешниот амбасадор на САД при Светиот Престол Џејмс Николсон уште во 2011 година за National Catholic Register ја опиша својата средба со Иван Павле II која се случила само два дена по терористичките напади. „Папата најпрво ми рече дека чувствува голема болка заради мојата земја која што е нападната. После тоа измоливме молитва за жртвите на нападот и за членовите на нивните семејства“, објасни Николсон. За време на таа средба Папата ги изговорил зборовите кои на Николсон го увериле колку длабоко Светиот Отец ја сфаќа опасноста од меѓународниот тероризам. Имено, Папата рече: „Амбасадоре, ова не беше напад на САД, туку и на целото човештво. Мора да ги запреме луѓето кои убиваат во името на Бог.“

Тој 11 септември 2001 година беше вторник. Веќе следниот ден во среда Папата на редовната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар, на верниците меѓу останатото им порача: „Денес го делам сочувството со американскиот народ, кој вчера е подложен на нечовечки терористички напади, кои одземаа животи на илајдници невини луѓе и предизвикаа неискажлива тага во срцата на сите жени и мажи со добра волја. Вчера навистина беше мрачен ден во нашата историја, ужасно дело против мирот, страшен напад на човечкото достоинство.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот