По Ирска и Чиле, Јужна Кореја е новата земја која го либерализира прашањето за абортусот.
Абортусот во таа земја според законот од 1953 година се смета за кривично дело освен во случај на силување, инцест, животна опасност за мајката или тешка вродена мана на плодот.
Тој закон судиите на Уставниот суд на Јужна Кореја на 11 април 2019 година го прогласија за неуставен, наредувајќи државните власти да донесат нов закон. За декриминализацијата гласаа 7 од 9 уставни судии.
Британскиот Телеграф известува цитирајќи ја јужно корејската новинска агенција „Јонхап“ дека во пресудата пишува дека актуелниот закон ги „ограничува правата на бремената жена на слободен избор, што е спротивно на принципот според кој ограничувањето на личните права треба да биде сведено на минимум.“ (…)
Во декември 2017 година тамошните невладини организации собраа 230.sp+3sp000 потписи од граѓните кои побаа абортусот да се декриминализира. Само два месеци подоцна Католичката Црква на која му припаѓа околу 10% од популацијата собра повеќе од еден милион потписи против легализацијата на абортусот.
Битно.нет/к.мк