Исусовската служба за бегалци – ЈРС, во соработка со УНИЦЕФ Хрватска, секојдневно работи во Прифатилиште за баратели на азил во Загреб замислен како безбедно место за деца баратели на азил.
Стручни работници, преведувачи и културни медијатори дејствуваат на начин што им овозможува на децата заштитено опкружување во кое може да учествуваат во разни организирани активности. Активностите опфаќаат едукативни, психосоцијални, креативни и спортски програми, обезбедувајќи им на децата бегалци подршка за развој за време и веднаш по кризата што ја доживеале при своето бегалско патување. Исто така, тоа е место на меѓукултурна интеграција каде децата развиваат соработка и социјални вештини со деца со различно културно богатство. Сите активности се прилагодени на потребите на децата, со посебен акцент на зајакнување на чувството за безбедност и самодоверба. Местото е исполнето со смеа, игра, песна и разговор, како и бројни активности кои имаат стимулирачки и лекувачки ефект врз децата бегалци, при што дополнителна подршка им се дава и на самите родители.
„Јас доаѓам тука секој ден затоа што можам да се играм со омилените играчки секој ден овде.“ Доаѓам секогаш со сестра ми, а тука пронајдовме и нови пријатели. Играме со наставниците, учиме и изработуваме различни работи, понекогаш гледаме цртани филмови. Овде јадеме овошје, јогурти, бисквити, а јас најмногу го сакам сокот од јаболко“ – вели осумгодишната Захра, која во Хрватска заедно со родителите се надева дека ќе пронајде заштита, сигурност и нов дом. Ова место е голема подршка и за мајките, како што сведочи и 28 – годишна Сана: „Ова место навистина ми помага многу, затоа што моите деца во прифатилиштето имаат каде да отидат и да се играат, а знам дека таму се сигурни. Сега сум и бремена, така што многу ми значи што можам малку да се одморам додека децата се играат со своите наставници и тетки од Исусовската служба за бегалци.“
Животот во прифатилиштето за барателите на азил за многу семејства, а особено децата, далеку е од конечна сигурност и заштита. Тоа е време на чекање, привремен престој, во кој честопати недостасува и мир и приватност. Чекањето на конечна одлука за добивање или негирање на меѓународна заштита е многу стресен период за многу бегалски семејства, во кои тие се справуваат со траумите што ги доживеале и чекаат одлука што за нив може да значи конечен почеток на нов живот, ни малку лесен, но сепак сигурен. Во Исусовскатата служба за бегалци особено го нагласува работењето со деца и жени, како најранливи групи меѓу бегалците, кои неретко и во самите прифатилишта на баратели на азил се соочуваат со непријатности и несигурност. „Да се донесе малку мир, забава, подршка и сонце е најмалку што можеме“ – едногласно порачуваат вработените на оваа игротека, во поранешниот хотел, сега прифатилиште на крајот од градот.
Ватикан њуз/к.мк