За раната Црква, убавите пердуви на паунот и древното верување за неговата нераспадливост откривале голема небесна реалност.
Пауните го привлекуваат вниманието на луѓето илјадници години. Дури и царот Соломон, според Светото Писмо, поседувал пауни како знак на неговото големо богатство. (сп. 1 Цареви 10,22)
Овие птици се меѓу највпечатливите и најживописните во природата. Нивните раскошни пердуви и денес ги фасцинираат луѓето ширум светот.
Знак на бесмртност
Во античкиот свет постоело верување дека телото на паунот не се распаѓа по смртта. Свети Августин ја спомнува оваа појава во своето дело „Град Божји“, каде пишува дека по извесно време кожата на паунот останала речиси непроменета, само малку посува и позбрчкана.
Токму ова древно верување придонело многу култури да го гледаат паунот како знак на бесмртност. Кога христијанството се проширило во грчко-римскиот свет, паунот добил и христијанско значење, станувајќи симбол на вечниот живот.
Пердувите на паунот, кои се обновуваат секоја година, дополнително ја засилиле оваа симболика. За христијаните, тоа било потсетување на воскресението, на новиот живот и на надежта дека смртта го нема последниот збор.
Покрај тоа, шарите на пердувите, кои наликуваат на очи, ги потсетувале верниците на севидното Божјо око, односно на Божјата присутност и промисла.
Поради овие причини, паунот често се среќава во ранохристијанските катакомби, во црковната уметност и на гробниците. Таму тој не бил само украс, туку исповед на верата во вечниот живот и во бесмртноста на душата.
Затоа во христијанската уметност паунот станал знак на надежта. Неговата убавина не упатува на раскошот на создадениот свет, но и на небесната слава на која е повикан човекот.
Алетеја/к.мк

