СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Четврти ден: Душата освоена од Срцето Исусово

Срцето Исусово веќе те придоби преку Светата Тајна Крштение, изгонувајќи го од тебе злиот дух, и преку повикот кон посовршен живот, тае чува од духот на светот.

Тој сака и ти да се победиш себеси со помош на силата и нежноста на Неговата љубов. За таа цел, Тој те ослободува во борбите со страстите и склоностите, за да ги отстрани од твоето срце и за да можеш да се одмориш во својот Учител.

Испитај денес што во тебе непријателски се противи на најбожествените обиди на Исус да ти се приближи, и дозволи Му на тој драг Освојувач да ја отстрани таа пречка.

Главниот противник на чистата љубов е самољубието. Дозволи Му на Господ постојано одново да го искоренува тоа зло, кое упорно сака целосно да завладее со тебе.

Затоа прифати недостиг на внимание, презир, студенило, заборав од другите и сè што во тебе предизвикува страдање. Нека те поттикнува мислата дека секоја состојба на распнување, доброволно прифатена, го шири царството на Божественото Срце во твојата драгоцена душа.

Мој љубен Освојувачу, го благословувам поразот што ме прави засекогаш Твоја среќна сопственост.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот