На 9 јуни 2019 година, на празникот „Педесетница“ според грегоријанскиот календар, во парохијата „Свето Благовештение“ во Штип, пет деца од истоимената парохија, обновувајќи го крсниот завет за прв пат ја примија Светата Тајна Евхаристија.
Голема беше радоста за верниците од штипската парохија, особено за нивните родители и роднини затоа што од востанувањето на оваа млада парохија, за прв пат беа сведоци за чествување на овој обред.
Парохот о. Тони Ангелов доделувајќи им спомен подароци на првопричесниците ги препорачи под заштитништвото на Света Богородица, и секогаш преку неа да се потсетат често да го примаат и Исуса во светата Причест.
На крајот од Светата Миса им се честиташе на сите првопричесници посакувајќи им поголеми успеси во оваа нова духовна фаза од нивниот живот.
к.мк