Шеикот Мохамед бин Зајед принц на Абу Даби одговори на повикот на папата Фрањо да помогне на најсиромашните народи во светот, и во Амазонија испрати 50 тони здравствен и хигиенски материјал.
Во воздушниот сообраќај кој е ограничен заради болеста Ковид-19 се отвора нов пат на солидарност кој го поврзува Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати и Лима во Перу. Имено на 25 јуни 2020 година авион со 50 тони хуманитарна помош тргна во таа јужноамериканска земја. Всушност неговата крајна дестинација е Иквитос град со 400.000 жители смесетен во Амазонската прашума, во заливот на реката Амазонија. Авионот превезува корисен материјал за спречување на ширењето на пандемијата која во Јужна Америка има свој нов глобален епицентар. Локалните цркви ќе ги класифицираат маските, ракавиците, медицинскиот кислород и храната. Дел ќе биде наменет за здравствените и образовните институции, а останатото ќе се подели на семејствата на тоа подрачје.
Иницијативата е покрената во соработка со Папската фондација „Gravissimum Educationis“ која делува при Конгрегацијата на Светиот Престол за католичко образование. Шеикот Мохамед бин Зајед принц на Абу Даби, одговори на повикот на папата Фрањо да им помогне на најсиромашните народи во светот, дарувајќи им здравствен и хигиенски материјал. Таа соработка е во согласност со Документот за човечко братство за соживот и светскиот мир кој во Абу Даби по повод посетата Папата го потпишаа големиот имам на универзитетот Ал-Азхар Ал Тајиб и папата Фрањо.
Цели нации не се соочуваат само со пандемијата, туку и со сиромаштво кое само се влоши со затворањето на подрачјето и границите – рече монс. Гај-Реал Тивиеж генерален секретар на Фондацијата и истакна, во таа ситуација нивниот приоритет е да преживеат. Затоа мора најпрво да ги задоволиме нивните основни потреби за храна, здравствен и хигиенски материјал потоа оние за образованието. Тоа е пристап кој го отвора патот за сеопфатно образование.
Ватикан њуз/к.мк