Четири практични начини како да го наследувате свети Јосиф

Четири практични начини како да го наследувате свети Јосиф

Најважниот дел од побожноста кон свети Јосиф е да го наследувате неговиот пример.

Иако молитвите и побожностите се важни при почитувањето на свети Јосиф највано е да го наследуваме животот и примерот на Исусовиот хранител, пишува порталот Алетеја.

Во книгата Побожност на свети Јосиф од 19 век, авторот јасно го објаснува овој концепт:

Најисклучителната побожност кон нашите свети заштитници се состои во наследувањето на нивните добродетели. Настојувајте секој ден да се вежбате во некои од тие добродетели кои се вселиле во свети Јосиф; на пример да бидете во согласност со Божјата света волја.

Книгата исто така изнесува корисна вежба која може да ве потсети на наследувањето на свети Јосиф:

Отец Луис Лалемант одбирајќи го свети Јосиф како пример за внатрешниот живот, секој ден во негова чест ги правел следните вежби: две наутро и две навечер:

  1. СЛУШАЈТЕ ГО СВЕТИОТ ДУХ

Првата вежба била да го насочиш својот ум кон срцето на свети Јосиф и да се присетиш колку тој беше послушен на вдахновенијата од Светиот Дух. После тоа би го преиспитал своето срце, се понизил заради моментот на отпор и се трудел се поверно да ги следи вдахновенијата на благодатите.

  1. ЕДИНСТВО НА МОЛИТВАТА И РАБОТАТА

Втората вежба била рамислувањето со кое со совршенство свети Јосиф го соединувал својот внатрешен живот со својата работа. Осврнувајќи се на сопствениот живот набљудувал дали има недостатоци кои би требало да ги исправи. Отец Лалеман ја постигнувал ова света вежба со големо соединување со Бог и знаел како да го сочува среде своето занимавање кое би го одвраќало неговото внимание.

  1. ПОБОЖНОСТ КОН ДЕВА МАРИЈА

Третата вежба била духовно соединување на свети Јосиф како сопружник на Мајка Божја; земјаќи го во обзир восхитувачкото светло кое светецот го имал со оглед на девственоста на Марија и мајчинството, се охрабрил самиот себе да го сака овој свет патријарх заради љубовта на неговата света свршеница.

  1. ГО ОБОЖАВАЛ ИСУСА

Четвртата вежба била да покаже на себе вистинско поклонување и татковска грижа која свети Јосиф ја давал на Детето Исус: барал дозвола за да му се придружи во поклонувањето, љубовта и служењето на Божественото Дете со најнежна наклонетост и најдлабока почит.

Меѓугорје инфо/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот