Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Рождество Христово – Божиќ упати честитка до бискупот Стојанов, која ја пренесуваме во целост.
Ваша Превозвишеност,
Најголема Тајна во историјата е дека Бог се јави во Тело и дека постана Богочовек. Празникот на Рождеството Христово е денот на исполнетите пророштва и ветувања, е денот на исполнетото време и Празник на небоземна радост.
Празнувајќи, да им се придружиме на мудреците, пастирите и ангелите, и на сите коишто се радуваат на спасоносниот Настан од онаа Витлеемска ноќ!
Христос се роди!
Архиепископ Охридски и Македонски
г.г. Стефан