Директорката на Комисијата за верски заедни и религиозни групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска по повод празникот Рождество Христово – Божиќ упати честитка до бискупот Стојанов, која ја пренесуваме во целост.
Ваше Превозвишенство,
Дозволете ми Вам лично, на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од католичка вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник – РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО БОЖИЌ.
Овој празник нè потсетува на љубовта и мирот кои Христос му ги даде на светот, кога силна светлина засвети во Витлеемската пештера и ги огреа срцата на луѓето. Веста за раѓањето Христово донесе радост и надеж кај оние кои страдаа, и е потсетник да ги прифатиме овие вредности и ние во нашите животи, особено за време на овој голем верски празник. Како што запишал големиот евангелист Јован во Библијата: „Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати“ така светлината на овој голем празничен ден нека ги стопли Вашите домови и влее надеж во Вашите срца. Нека радосната вест за раѓањето на Спасителот продолжи да биде ѕвезда водилка во Вашата благородна мисија да ги ширите зборовите на Евангелието, но и во правењето добри дела кои секогаш ќе инспирираат.
Со длабока почит и најдобри желби Ви посакувам честит Божиќ, исполнет со радоста на Христовото присуство и бериќетна и благословена нова година.
ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
Директор
Оливера Трајковска
фото: КОВЗРГ