Папата Фрањо и одобри на Конгрегацијата за кауза на светци прогласување за свет на блажен Чарлс де Фуколд објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понедленикот на 26 април.
Во понеделник на 3 мај во 10 часот во салата за конзисториуми во Ватиканската апостолска палата папата Фрањо ќе ја предводи молитвата Трет час и Редовниот јавен конзисториум за канонизација на седум блажени меѓу кои и „малиот Исусов брат“ Чарлс де Фуколд се наведува во соопштението на Светиот Престол.
Чарлд де Фуколд е роден во 1858 година во Стразбур. Како млад постојано се одалечувал од својата вера. Наследството кое го добил од родителите му овозможило слободен живот. Во 1876 година стапил во војска, а во 1882 година ја напушта и оди на истражувачки пат во Мароко. Експедицијата се развила во научен успех на тоа подрачје па примил златен медал од Географско друштво.
Фуколд бил фасциниран од северноафриканскиот ислам, по што доживува преобраќање и станува верен христијанин. После едно ходочастие во Светата Земја сериозно сакал да пристапи во трапистичката монашка заедница. Заминал за Назарет и три години работел како градинар во еден манастир. Станал свештеник и одлучил да се врати во Сахара за да живее таму како пустењак и мисионер. Најпрво живеел во Бени-Абес, а подоцна со племето Таурег во Таманрасет. Кога го научил јаизкот на Таурег ги предводел нивните песни и објавил илустриран речник. После тоа основал заедница која се засновала на животот според Светото Писмо, Евхаристијата и апостолатот. Вечерта на 1 декември 1916 година Чарлс де Фуколд кој во меѓувреме се нарекол мал брат Карло од Исус го убива вооружена банда во алжирскиот манастир во Таманрасет. (…)
Денес постојат 18 машки и женски ограноци поврзани со духовноста на Чарлс де Фуколд, со 11.000 членови на пет континенти. (…)
Заедно со де Фуколд светци ќе бидат прогласени тројца блажени: блажен Лазар наречен Девасахајам, лаик маченик, потоа блажен Цесар де Бус свештеник основач на Конгрегацијата на отците на христијанското учење, блажен Луиџи Марија Палазоло свештеник основач на монашката институција Сиромашни сестри и блажен Густино Марија Русолило свештеник основач на Дружбата Божји повик и Конгрегацијата на сестрите на Божјиот повик.
Покрај петте светци Црквата ќе добие и две нови светици: Тоа се блажена Марија Франческа ди Џезу основачка на сестрите на капуцинските треторедци од Лоан и блажена Марија Доменика Мантовани соосновачка и прва врховна поглаварка на монашката институција Мали сестри на Светото Семејство.
Ика/к.мк