Црквата во Боливија загрижена за исчезнатите деца

Црквата во Боливија загрижена за исчезнатите деца

Помеѓу 800 и 1000 деца и адолесценти исчезнуваат секоја година во Боливија, објави Бискупската конференција на Боливија, загрижена за нивната судбина. Според боливиските бискупи, главната причина за исчезнувањето на децата е организираниот криминал, објави весникот „Лос Тиемпос“ во понеделникот на 15 април.

„Неприфатлив факт е што толку многу деца исчезнуваат секоја година“, рече генералниот секретар на Бискупската конференција на Боливија, отец Диего Пла Аранда.

„Организираниот криминал е многу непријатна тема. Станува збор за трговија со дрога, криумчарење, трговија со луѓе и криумчарење на луѓе“, рече о. Диего во Кочабамба за време на генералното собрание на Бискупската конференција на Боливија.

„Секоја година, меѓу 800 и 1000 деца и млади исчезнуваат во земјата. Мора да се соочиме со оваа насилна ситуација и брзо да најдеме решенија“, додаде тој.

Централна тема на Генералното собрание е насилството и безбедносната состојба во државата.

„Боливија, исто така, има една од највисоките стапки на убиства на жени во цела Латинска Америка, што е загрижувачко“, нагласи отец Диего. Епископите подготвуваат изјава на оваа тема, како и за насилството поврзано со уништување на животната средина, шумските пожари и масовното уништување на шумите и насилството врз медиумите.

Според Обединетите нации, Боливија е трета по големина производител на листови од кома и кокаин во светот по Колумбија и Перу. Властите дозволуваат одгледување и продажба на листови кока за џвакање, подготовка на чај и за верски обреди. Обработливата површина за легалниот пазар е ограничена на 22.200 хектари. Сепак, дел од жетвата се издвојува за нелегално производство на кокаин. Неодамна беше објавена информација за откривање на големо количество кокаин со потекло од Боливија, што предизвика жестока политичка дебата во таа земја.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Боливија

За авторот