Во писмото кое Државниот секретаријат го испрати до амбасадорите акредитирани при Светиот Престол, пишува дека папата Фрањо Литургиите во божиќното време ќе ги прослави „во приватен облик без присуство на членовите на дипломатскиот кор.“
Папата Фрањо божиќните свети Литургии во Ватикан ќе ги служи без присуство на верници, јави ЦНА. Во писмото кое Државниот секретаријат го испрати до амбасадорите акредитирани при Светиот Престол, пишува дека папата Фрањо „Литургиите во божиќното време ќе ги прослави во приватен облик без присуство на челновите на дипломатскиот кор“. Во истото писмо кое ЦНА го доби на увид, стои дека светите Литургии ќе можат да се следат онлајн.
Потсетуваме, заради двомесечниот карантин папата Фрањо велигденската света Литургија исто така ја служеше без народ.
Во Италија во последните недели е забележан драматичен пораст на заболени од коронавирусот, што доведе до нови мерки на ограничување, како што се на пример, затворање на теретани и театри. Баровите и рестораните смеат да работат до 18.00 часот, а забавите и банкетите се забранети. Граѓаните се обврзани да носат маски и на отворено.
ЦНА/к.мк