Холерих: Потребна е Црква вкоренета во дадено место и култура

Холерих: Потребна е Црква вкоренета во дадено место и култура

Генералниот релатор на XVI редовното генерално собрание на Синодата го презентираше четвртиот модул од Работниот документ, посветен на „перспективата на местата“ во кои „се воплотуваат односите“.

„Црквата не може да се разбере без нејзините корени на некое место и во некоја култура. Ова го рече кардиналот Жан-Клод Холерих, генерален релатор на XVI редовното генерално собрание на Епископската синода, цитирајќи го 80-тиот став од „Instrumentum laboris“ за време на презентацијата во вторник, 15 октомври 2024 година, од поглавјето посветено на „Места“, вклучени во 4-тиот модул на овој документ. „Перспективата на местата“, нагласи кардиналот, „зборува за конкретноста на контекстите во кои се воплотени односите, во нивната разновидност, мноштво и меѓусебна поврзаност, како и нивната вкоренетост во првобитните темели на исповедањето на верата“.

Важноста на конкретноста

Значи, перспективата е насочена против секаков „апстрактен универзализам“. Пристрасноста и релативноста треба да се надминат со важноста на конкретноста, „со која во времето и просторот се обликува заедничкото искуство на објавата за прифаќање на Бога, Кој спасува“. Впечатокот дека предметниот модул може да изгледа премногу технички, рече говорникот, ќе предизвика теолошки и пасторални дебати закажни за во среда. Покрај тоа, според кардиналот Холерих, ова се преклопува исто така и со претходните модули со искуството „што го доживеаја присутните овде“. Во салата на Павле VI, потсетува, „поминавме речиси два месеци од нашиот живот“, придонесувајќи за „растечките односи меѓу нас во мрежа што ја опфаќа целата Црква и целиот свет“. Очигледно, „средбите меѓу браќата и сестрите по вера не е без товари и тешкотии“, а сепак „води до средба со Господ и предизвикува излив на евангелската радост“. Богатото искуство доживеано на Синодата нека биде достапно за сите Божји луѓе „преку обновувањето на нашите Цркви“, исто така и во преиспитувањето на организациските и институционалните методи и форми.

Нека се ​​размислува за нови контексти на припадност

Потоа, генералниот релатор ги претстави четирите точки што го сочинуваат поглавието „Места“. Првата, насловена како „Територии по кои патуваме заедно“, е охрабрување да се „фокусираме на тоа како луѓето во наше време ја доживуваат димензијата на вкоренетост во одреден контекст“. Оваа потреба е уште поитна во денешниот свет, каде ликвидноста и брзината владеат и во односите и во самите врски. Сепак, потребата за припадност останува, но „наоѓа одговор во релациони обрасци со подинамична и поеластична територијална приврзаност отколку во минатото, до екстремниот случај, како што е дигиталната средина“. Затоа, неопходно е да се запрашаме, потсети кардиналот Холерих, дали и како сето ова ја менува „нашата мисија на проповедање на Евангелието“ и како „нашите институции мора да се преиспитаат според логиката на мисионерската служба“, земајќи го предвид поинаквиот контекст спореден со минатото.

Заедништво и единство во Црквата

Да се ​​зборува за локални контексти „значи и да се земат предвид односите што се воспоставуваат меѓу местата и културите“: тие се всушност „секогаш во врска“ и „ова уште повеќе важи за Црквите што постојат во нив, врски на заедништво кои ги поврзуваат во единството на целата Црква, чиј видлив принцип е Римскиот епископ“, рече релаторот, посочувајќи дека втората и третата точка се однесуваат на „помесните Цркви во една и единствена Католичка црква“ и „врските што го формираат единството на Црквата“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот