На Генералната аудиенција на папата Лав XIV во рамки на Јубилејната година, во сабота 25 октомври 2025 година, одржана на плоштадот Свети Петар во Рим присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов со група ходочесници од Македонија.
За време на обиколката со папамобилот меѓу ходочесниците, пристигнати од целиот на плоштадот Свети Петар, на Папата Лав му беше фрлено македонско знаме кое го фати и го предаде на неговите придружници.
Во попладневните часови ходочесничката група од Македонија низ улицата Виа дела Кончелационе во Рим молеше, а потоао помина низ Светите Врати во базиликата Свети Петар.
Во вечерните часови во Папската базилика Свети Павле, надвор од ѕидините, ходочесниците преминаа низ Светит Врати на оваа базилика и присуствуваа на света Литургија, на која во заедништво со епископи и свештеници од Словачка сослужуваше епископот Стојанов, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, протеојереј отец Гоце Костов и отец Трајче Ташев.
На крајот од светата Литургија епископот Стојанов се заблагодари на браќата во епископатот од Словачка за можноста заеднички вчера и денес да се служи света Литургија, градејќи го единството, при што спомна дека ходочестието на македонската група започна на гробот на Свеи Кирил, кој со неговиот брат Методиј подеднакво многу се почитуваат во Македонија и Словачка.
к.мк
фото: Кире Ѓоргев

