Фра Звјездан Линиќ: Еве што е пост и како треба да постиш
Пост и не мрсење се два изрази кои за време на постот често се слушаат. Постот е воздржување од јадења односно помалку се јаде отколку што тоа се прави секојдневно, а не мрсење е воздржување од месо. Еве како постот го толкува покојниот Звјездан Линиќ.
Доволно често се случува човекот дека треба да пости. Некои луѓе настојуваат во тоа бидејќи сакаат со тоа да ја контролираат тежината и внимаваат да не добијат некој килограм повеќе. Тоа е пост кој е себично мотивиран. Сепак, може кај некои таквото воздржување е вистински мачно и речиси херојско. Често тоа се спортисти и слични работници чија работа зависи од телесната тежина. Има и такви кои постат затоа што така лекарот им наредил како составен дел на одредена терапија.
Во таквата загриженост за здравјето и страв од несакани болести, па дури и можна смрт, луѓето се одлучуваат за контролирање во јадењето односно на диета и на пост. Има понатаму и такви кои се присилени да гладуваат и да постат, бидејќи немаат доволно храна. Денешната тешка ситуација во светот и кај нас сѐ повеќе и повеќе разоткрива голем број на такви кои се на работ на егзестенцијалниот минимум, кои трпат од глад. Се чудам често како ние сите прилично сме ладни на се почестите вести за голем број на луѓе, особено деца кои умираат од глад.
Освен сите горенаведени причини за откажување од храната, постои уште еден мотив. Тој е љубовта. Постот може да биде и добар гест на љубовта. Мајката на своето дете ќе му го даде и последното залак, па макар и самата да остане гладна. Ќе го направи тоа радосно и од љубов и ќе биде среќна ако со тоа може на своето дете му го олесни животот. Свршеникот ќе го подели подобриот и поубавиот дел од месото, подобриот залак, колачот и слично со својата свршеница затоа што ја љуби. Љубовта оди според тоа да го усреќи саканато битие.
Времето на пост, времето пред Велигден повикува на преобраќање. На програмата за преобраќање припаѓа и постот. Да го сфатиме во светлото на љубовта смислата на постот што во ова време на пост, Црквата го препорачува, а за некои денови како што се Пепелница и Веилики Петок и ги наредува. Тоа е повик на доброволно откажување од храна. Таквото откажување сигурно не му штети на здравјето под претпоставка дека тоа не е неразумно и претерано. Меѓутоа, основен мотив на тој пост треба да биде љубовта. И нашиот однос кон Бог е однос кон сакана личност. Освен молитвата како основен чин на човекот верник и постот од љубовта кон Бог станува вистински религиозен чин. Срцето на тој начин ни е отворено и подготвено за средба со Бог и за усогласување на својата волја со Неговата волја.
Всушност заради усогласувањето со волјата Божја чувствуваме како постот може на прекрасен начин да нè направи подготвени за други жртви кои се потребни во животот ако сакаме да го оствариме својот живот според Божјиот план на љубовта. Во таа жед за Бог постот може да биде вистинско дело на љубовта кое ќе му се допадне на Бог. Постот од првите почетоци на Црквата бил мотивиран и со љубовта кон ближните. Постот не сака да биде еднострано мачење на самиот себе без некоја конкретна цел.
Христијаните кога постат или се воздржуваат од месо го прават тоа за со тој чин да заштедат пари кои ќе можат да ги одделат за оние на кои им се најпотребни. Со тоа постот станува чин на обожавање на Бог со кој се прославува Бог затоа што е направен од љубов кон Него, а истовремено е и најконкретниот чин на љубовта кон ближниот. Пророците ќе кажат дека на Бог всушност таквиот пост му е по волја.
Фра Звјездан Линиќ/Битно.нет/к.мк/Д.И.