Фатимската порака се врти околу сржта на христијанството, а не околу тајни и шпекулации – рече Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, во интервју за Радио Ватикан во пресрет на посетата на Папата на Фатима.
Што сакаше да ни порача Фатима, ни кажа отворено и јасно – рече кардиналот. А нејзината порака одговора на она што претставува срж на христијанството: Исус воскресна, Тој е жив, Тој е Господар на историјата.
Девицата не се објави на богати или моќни или влијателни луѓе, туку на деца, на оние кои Папата ги нарекува „отфрлени“, последните во нашето општество – истакна кардинал Паролин. Слично важи и за содржината на пораката која во 1917 година тргна против струјата која преовладувала. Тоа било време на војна и многу се зборувало за омразата, одмаздата, непријатели, „бесмисленото убивање,“ како што тоа го зборува папата Бенедикт XVI – рече кардиналот – Мајка Божја напротив зборува за љубовта, простувањето, подготвеноста да се жртвува самата себе и да се понуди самата себе како дар за дугите. Тоа целосно ги пресвртува преовладувачките општествени вредности или противвредности.
Би кажал дека станува збор за две многу значајни показатели како за Португалија така и за целиот свет: способноста за започнување од последните, да се вреднуваат и способноста да се живеат автентичните вредности кои исто така можат да бидат темел за мирен и братски соживот внатре во секоја земја и меѓу земјите – рече кардинал Паролин, истакнувајќи на крајот дека светилиштата се како болница за духот, места за духовен раст и тие ни покажуваат дека за Бог ништо не е невозможно.
РВ/к.мк