Децата по неуспешниот обид за миграција завршуваат во долгови или стануваат плен на криминални банди.
Ситуацијата е дрматична за децата во Средна Америка. УНИЦЕФ, агенцијата на Обединетите нации за деца известува за насилство, убиствата и ситуации на крајно сиромаштво за малолетници. Мексико, Салвадор и Хондурас се земјите во кои се најтешки условите за децата. Секој ден според податоците на УНИЦЕФ во Хондурас и во Салвадор се убива по едно дете.
Има илјадници деца мигранти во затворите во Мексико, а мнозинството се протерани во Средна Америка. Оваа година скоро 100.000 мигранти ја напуштиле Средна Америка, а третината од нив се жени и деца. Тоа го потврди и УНИЦЕФ кој во својот извештај објасни дека децата мигранти и бегалци се соочуваат со магепсан круг на тешкотии и опасности, посебно кога се работи за враќање во татковината, што е напорен и фрустрирачки процес.
Милиони деца во тие краишта се жртви на сиромаштвото, рамнодушноста, насилството, присилната миграција и стравот дека ќе бидат депортирани – рече Марита Парцевал директор на канцеларијата на УНИЦЕФ за Латинска Америка и Карибите. Во многу случаи децата кои се вратени во своите матични земји немаат дом во кој би се вратиле, и завршуваат во долгови или стануваат плен на криминални банди. Враќањето на мигрантите во невозможни животни услови создава најчесто нова миграција.
Салвадор, Гватемала и Хондурас, се земјите на кои се однесува извештајот на УНИЦЕФ, се меѓу најсиромашните земји на запад, повеќе од половината деца живеат под границата на сиромаштвото. Сиромашните семејства бараат заем за да го платат своето незаконско мигрирање во САД. Ако заминувањето не успеало ќе се најдат во уште понеизвесна финансиска ситуација отколку што биле порано, затоа што не се во можност да ги вратат своите заеми.
Освен сиромаштвото постои опасноста од насилство од банди. Децата се регрутираат во криминални групи и често се жртви на злоупотреба. Многу повратници завршуваат како раселени во својата земја затоа што е премногу опасно да се вратат во својот дом. Стигматизацијата од страна на заедницата е уште еден елемент на маргинализација. Заради неуспешниот обид да одат во Мексико или во САД, семејствата кои се враќаат во својата земја често се исклучени и остануваат сами. Тоа може да го отежне повторното враќање во училиште или на работа. (…)
Освен тоа извештајот истакнува серија препораки како да се сочуваат децата бегалци и мигранти на сигурно, и како да се намалат факторите кои ги поттикнуваат семејствата и децата да ги остават своите домови во потрагата за сигурност или иднина со голема надеж преку незаконските и опасни миграциски патишта.
Програмите кои ги поддржува УНИЦЕФ во Средна Америка и Мексико ја менуваат ситуацијата и многу млади мигранти, бегалци и повратници имаат корист од нив. Меѓутоа тие потфати треба да бидат проширени за да се одговори на сите предизвици со кои се соочуваат најранливите деца.
Ватикан њуз/к.мк