Големите меѓународни ходочастија во португалското светилиште Мајка Божја Фатимска ќе ги предводат во мај, август и октомври кардиналите Хозе Толентино де Мендонка, Жан-Клод Холерих и Серхио да Роча.
Португалскиот кардинал Хозе Толентино де Мендонка архивар и библиотекар на Светата Римска Црква прв пат од издигнувањето во кардиналската чест во октомври 2019 година ќе го предводи ходочастието во мај во спомен на првата Богородична објава во местото Кова да Ирија.
Луксембуршкиот надбискуп и претседател на Советот на епископските конференции на земјите од ЕУ кардиналот Жан Клод Холерих ќе го предводи ходочастието во август во спомен на четвртата Богородична објава на пастирите на 19 август 1917 година во Валинхос.
Во октомври пак бразилскиот надбискуп кардиналот Серхио да Роча ќе го предводи последното големо славење на отворено во португалското богородично светилиште во спомен на последната шеста Богородична објава во Кова да Ирија.
Јубилејните ходочастија во Фатима се дел од подготовките за Светскиот ден на млади во 2023 година во Лисабон, е објавено на веб страницата на фатимското светилиште.
Ватикан њуз/к.мк