Треба да бидеме светло и сол и да сведочиме со својот живот

Треба да бидеме светло и сол и да сведочиме со својот живот

Повикот и посланието на христијаните е да бидат сол и светло за другите, славејќи го Бог со својот живот – истакна папата Фрањо во проповедта на 13 јуни 2017 година, која ја служеше во домот Света Марта во заедништво со членовите на Кардиналскиот совет. Во својата проповед Папата ја истакна главната евангелска порака која е без компромис и „премин“.

„ДА“, „СОЛ“ и „СВЕТЛО“ се три силни збора од Евангелието, врз кои Папата ја темелеше својата проповед. Пред сѐ нагласи дека Евангелската порака е „одлучна“, не постојат „оние премини“ помеѓу „да“ и „не“, кои на крајот ќе те „доведат до барање на ‘вештачка сигурност’, како што е случајот со казуистиката“ – рече Папата.

Овие три збора – кои ни ги нуди свети Павле во Второто послание до Коринтјаните „укажуваат на силата на Евангелието“ која води кон „сведочење и славење на Бога“. Во ова „ДА“ ги наоѓаме „сите Божји зборови во Исус, сите Божји ветувања“. Во Исус „исполни сѐ што вети и поради тоа Тој е ‘полнина’“ – објасни Папата.

„Во Исус не постои ‘НЕ’, туку секогаш ‘ДА’ – за слава на Отецот. Но и ние исто така учествуваме во тоа Исусово ‘ДА’, бидејќи тој нѐ помаза, ни стави печат и ни даде ‘полог’ на Духот. Учествуваме бидејќи сме помазани и имаме печат и поседуваме сигурност – ‘пологот“ на Духот. Духот кој ќе нѐ доведе до крајното ‘ДА’ и до нашата лична полнина. Исто така, Духот ќе ни помогне да станеме светло и сол, односно Духот ќе нѐ доведе до христијанско сведочење – нагласи Светиот Отец.

Тоа христијанско сведочење е „сол и светло“. „Светло како би светиле – бидејќи оној кој ја засенува светлината, дава спротивно сведоштво“ надевајќи се на она мало ‘да’ и мало ‘не’. Кој има светло, но не го дава и не го покажува, не го слави Отецот кој е на небесата. Има и такви кој „имаат сол, а не ја даваат на другите, како би се избегнало расипувањето“. „Да –да“ и „Не –не“, тоа се одлучни зборови како што нѐ учи Господ бидејќи „сè што е повеќе од тоа, од лукавиот е“ Тоа е онаа сигурност и сведочење кое Господ го довери на Црквата и на сите нас христијаните – рече папата Фрањо.

Потполна сигурност во ветувањата за Христос: во Христос е сѐ исполнето. Сведоштвото во односот кон другите; дарот примен од Бог преку Христос, кој ни го даде помазанието на Духот за сведоштво. А ова значи да се биде христијанин: да свети, да помогне пораката, но и луѓето да не расипат, како што тоа го прави солта. Но ако светлото се засени и солта облутави, ќе биде без сила и ќе ослабне – сведочењето ќе биде слабо. Но тоа се случува кога не го прифаќаме помазанието; кога не го прифаќаме ниту печатот, ниту ‘пологот’ на Духот, кој е во мене – истакна Светиот Отец.

Христијанскиот предлог е многу едноставен, а е „толку многу убав и ни дава голема надеж“. Може да се прашаме: Дали сум светло за другите? Дали сум сол за другите, на кои им давам вкус на животот и ги чувам од расипување? Дали се држам до Исус Христос кој е „ДА“? Се чувствувам ли помазан, запечатен? Дали знам дека имам сигурност која ќе се исполни во небото, а за која сега Духот е ‘полог’ – праша папата Фрањо.

Во секојдневниот говор кога некој е полн со светлина, велиме дека „свети“. Тоа е одраз на помазанието од Духот, кој сите ние го имаме. А зошто го имаме? На тоа ни даваат одговор двете денешни читања: Павле вели: сите ветувања Божји во Него се „да”, и во Него, амин”, за слава Божја преку нас. Исус им вели на своите ученици: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.“ Таков е животот на христијнинот“ – рече Папата при крајот од својата проповед.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот