Од понеделник во 9.00 часот, луѓето во базиликата Свети Петар можат да се простат од почесниот Папа кој почина на 31 декември 2023 година.
Телото на Бенедикт XVI е изложено во базиликата Свети Петар во понеделник наутро 2 јануари 2023 година од 9.00 часот. Неколку часа пред отворањето на базиликата, се формира долга колона луѓе за да му оддадат последна почит на поранешниот Папа. Италијанската полиција и медицинските служби се распоредени во голем број за да се осигура безбедноста и медицинска грижа на ходочасниците.
Како и во случајот со неговиот претходник Иван Павле II. во 2005 година, телото на Бенедикт исто така е положено пред главниот олтар на базиликата Свети Петар во таканаречениот простор „Confessio“, облечен во црвена папска одежта, со бискuпска митра на главatа. Швајцарската гарда чува почесна стража на двете страни.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони беше една од првите, која се прости од поранешниот Папа. Набргу потоа дојде и италијанскиот претседател Матарела.
Пренесувањето на телото во базиликата Свети Петар e извршено рано наутро во понеделникот; Кардиналот Мауро Гамбети, архипрезвитер на базиликата Свети Петар, изврши краток обред откако поворката со посмртните останки на Бенедикт пристигна под куполата на Микеланџело.
Во меѓувреме, на плоштадот Свети Петар започнаа техничките подготовки за погребната Света Миса, која ќе ја предводи папата Фрањо во четвртокот, после која Бенедикт XVI ќе биде погребан во криптата под базиликата Свети Петар.
Во недела 1 јануари 2023 година, телото беше изложено во капелата на манастирот „Mater Ecclesiae“ во Ватиканските градини, каде што почесниот Папа живееше речиси десет години. Бројни вработени во Ватикан во неделата таму веќе се простија од човекот кој беше поглавар на Католичката црква и шеф на државата на Ватикан од 2005 до 2013 година.
Почесниот папа Бенедикт XVI. (2005-2013) почина на 31 декември 2023 година на 96-годишна возраст во манастирот „Mater Ecclesiae“ во Ватикан.