Во телеграмата упатена до надбискупот Ајмонд, потпишана од државниот секретар кардинал Паролин, Папата изразува сочувство за загинатите и повредените во нападот на новогодишната ноќ. Маж, американски државјанин радикализиран од исламот, влетал со својот автомобил во наротот и почнал да пука веднаш штом излегол од возилото, а потоа бил застрелан од полицијата: биланосот е 15 мртви и околу 30 повредени. Папата ја вети својата духовна близина со целата заедница
Папата Франциско изрази длабока тага за нападот кој се случи на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, кога маж влета со пикап во нардото собран за дочек на Нова година, при што уби петнаесет, а повреди најмалку триесет лица. Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и упатена до надбискупот од Њу Орлеанс Грегори Ајмонд, Папата изразува сочувство за загубата на човечките животи и повредените. Ветувајќи ја својата духовна близина со целата заедница, Папата ги доверува душите на починатите на милосрдието на Семоќниот Бог и моли за исцелување и утеха на ранетите и ужалените. На крајот Светиот Отец го дава својот благослов во знак на мир и сила во Господа.
Напад
Нападот што се случи околу 3 часот и 15 минути во ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари годинава во „Вие Кар“ (најфреквентната улица во Францускиот кварт), го извршил американски државјанин, вработен во Делоитеа и поранешен војник во Авганистан, кој го прифатил исламот на млада возраст, а подоцна дошол до на радикализација. Шамсуд-Дин Џабар, како што го нарекуваат човекот, на 42-годишна возраст, роден во Тексас, со полна брзина влетал со својот автомобил во толпата која го славеше крајот на годината. Излегол од возилото и почнал да пука, а потоа бил застрелан од полицијата, 15 лица останаа да лежат на земја, а од нив триесетина се повредени. Според извештаите на локалната полиција, напаѓачот бил решен да предизвика масакр. Сочувства пристигнуваат од сите страни.
Ватикан њуз/к.мк