Тезе: Единството на христијаните е поважно од било кога

Тезе: Единството на христијаните е поважно од било кога

Стремежот за единство не е цел сама по себе,  туку сведочење на Евангелието и фактор за мир за целото човештвото, порача на 20 август, на 80 годишнина од основањето на екуменската заедница од Тезе, нејзиниот приор брат Алоис во разговор за Осерваторе Романо.

Одавајќи признание на основачот на заедницата брат Роџер Шутц (1915-2005) неговиот наследник истакна дека од почетокот во центарот на заедницата го става настојувањето за единство. Во напуштена куќа син на протестантски пастор по примерот на својата баба која за време на Првата светска војна примала бегалци и ги помирувала христијаните, го започнува своето големо дело тивко сведочење дека христијанското единство е возможно. Околу себе собирал бројни влубеници во екуменизмот како протестанти така и католици и членови на останати христијански заедници кои своето делување го насочиле на младите всадувајќи ја во нив потребата за помирување и христијанско единство. Во Тезе чија екуменска заедница денес ја сочинуват околу стотина браќа од 25 земји во светот до сега ходочастиле стотина илјади млади од целиот свет. (…)

Денес заедницата ја води германецот католик брат Алоис Лосер. Неговиот претходник швајцарецот Роџер Шутц на 20 август 1940 година со велосипед пристигнува во француското местенце Тезе и тој датум се смета за почеток на денешната заедница која се развила во духовен цетар за млади и семејства од цела Европа. Брат Алоис во интервјуто напоменува дека и самиот е восхитен од континуитетот внатре во заедницата која во меѓувреме собра повеќе геенрации. Додава дека брат Роџер немал намера да создаде некое организирано движење, голема институција, туку во Тезе видел еден вид „место за премин.“

„По учествувањето во една постојка од Ходочастието на довербата секој е повикан да отиде дома и да го живее она што го примил од Евангелието, да го направи тоа со зајакната свест за животот кој престојува внатре во секој како и за практичните гестови за солидарност кои можат да се спроведат во пракса во својата блиска околина. Во многу земји младите редовно се состануваат на молитва со песни од Тезе, истовремено останувајќи во контактсо локалната Црква,“ така се опишува на интернет страницата на заедницата. „Сакаме да останеме мала заедница во која братските односи имаат предност пред сите останати,“ порачува брат Алоис.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот